Saturday, 26 May 2012 11:23 Љубов & Секс

Марк Цукерберг го променил својот статус во "оженет", иако нему Фејсбук му донесе пари и среќа, на повеќето правои им ги загорчи врските. Сигурни сме дека Марк не висел на Фејсбук кога сегашната жена имала потреба од него. Фејсбук е тивок непријател на секоја врска, кој само чека прилика да ги покаже своите заби...

Се е јавно
Искажувањето љубов, праќањето срциња и пишувањето на убави пораки на ѕидот се сите убави работи кои можете да ги правите на Фејсбук, но фактот дека сите можат да го видат тоа има свои добри и лоши страни. Некои нови парови се толку опседнати со впечатокот што го оставаат кај другите, што повеќе се трудат својата врска да ja прикажат виртуелно отколку нависитна да работат на неа. Ако ти е поважно твоите пријателки да мислат дека сте најдобар пар, а во реалноста постојано се карате, Фејсбук дефинитивно ја загрозува вашата врска.

Заборавени бивши љубови
Некогаш беше лесно, бившата девојка беше бивша, а кога би тука и таму слишнала нешто за твоето сегашно момче не би имала многу прилика и пристап за зближување. Луѓето се среќаваат надвор, во град или пишуваат СМС, а Фејсбук ги прави работите многу поедноставни. СМС пораките не се толку суптилни, но ако поранешната девојка сака да се приближи на твоето момче, неколку лајкови можат многу да и ја олеснат работата.

Грешки во минатото
Трендот да ја бележите секоја мисла која ќе ви падне на памет е корисна смао за родители кои ги шпиунираат своите деца. Секој статус, секоај фотографија која можеби не би требала да биде за во јавност може да предизивка неволја. Паровите често се расправаат за фотографии кои едната страна ги смета за нормални додека друагатa мисли дека се сосема невкусни за покажување. Тебе ќе ти биде сосма нормално момчето да ја избрише фотографијата на која е со својата бивша, а нему можеби нема да му биде јасно зошто, па така настанува плодно тло за кавга.

Сомнителни момчиња и девојки

Понекогаш некој ќе ти го лајкне статусот само затоа што му се допаѓа, понекогаш ќе го лајкне затоа што ти му се допаѓаш, но која и да е причината твојот дечко ќе мисли дека ти се нафрлува. Истото важи и за жените. Секоја од нас барем еднаш има кликнато на девојката кој коментирала на статусот на нашето момче. Ако е згодна, ќе се загрижиме за иднината на нашата врска. Факт е дека некои луѓе едноставно ни се драги во виртуелниот свет, иако во реалниот свет со нив не би можеле да функционираме. Проблемот е во тоа што другата страна секое такво однесува го смета за закана.

Модел на одесување
Фејсбук, сакале да признаеме или не, ни го промени моделот на однесување и комуникација. Луѓето толку затупеа од чатовите, лајковите и сличните работи што веќе не знаат да се однесуваат во нормални ситуации. Користењето на друштвените мрежи е забавно, корисно и носи бројни предности, но поради нив ги забораваме вештините за комникација на кои не учеа веднаш штом го кажавме првиот збор. Порано ќе седнеше со момчето на кафе и  ќе разговаравте за случувањата во светот, а денес се се сведува на тоа кој што лајкнал и на кого.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...