Thursday, 24 May 2012 08:49 Љубов & Секс

Влегувајќи во врска со своето момче, цврсто веруваме, односно се надеваме дека тоа ќе потрае малку подолго, а евентуално и да заврши со брак. Но во секој однос доаѓа до "криза", се вовлекува монотонијата, а партнерите почнуваат се да земаат здраво за готово. Но како што не се сакавте длабоко уште во првите денови, така ни вашиот однос веднаш не се променил. Тоа што си во врска неколку години, а почетните искри од дамна се исчезнати, не значи дека не може повторно да се заљубиш во истиот партнер...

Допири
Меѓусебното допирање со текот на времете се намалува, што не е чудно имајќи во предвид дека сме суштества со чувства кои се запознаваат преку допирот. Но после одреден период, кога сите наши тајни повеќе или помалку се откриени партнерот не чувствува толку потреба за допири. Важно е да се нагласи дека со таквиот чин најлесно се создава повторна поврзаност затоа што со тоа на другата личност и давате до знаење дека сте свесни за нивната присутност.

Работете на подобрување на комуникацијата
И најсовршените врски можат да пропаднат токму поради недостатокот на комуникација така што би требало да ви биде преоритет на листата. Под комуникација овде не подразбираме површни разговори. Можеби мислиш дека за твојот партнер знаеш се, но навистина можеш да се изненадиш.

Забавувајте се заедно
Поминете ја ноќта во некој ефтин хотел, организирајте излети со кои ќе одите пешки до блиското езеро на капење или до блискиот парк на прошетка. За што и да се одлучите важно е да се работи за нешто ново и интересно за двајцата.

Бидете непредвидливи
После неколку години заедно сигурно можете да погодите што вашиот партнер ќе каже во одредена ситуација, како ќе се однесува и што ќе мисли, а во истото важи и за него. За да ги избегнете таквите сценарија кои редовно водат кон досада, пробајте да си направите мали изненадувања еден на друг кои ќе успеат да ве извадат од монотонијата.

Искажувајте си љубов
Мислите дека не треба редовно да изјавувате љубов само затоа што се познавате добро и знаете дека се сакате? Погрешно! Да сакате некого е прекрасно, а да му го кажете тоа на партнерот е еден од најголемите поклони кој можете да му го дадете, па затоа почнете со дарувањето уште денес.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...