Tuesday, 15 May 2012 17:48 Љубов & Секс

Се палиш на лоши момци? Виновни се хормоните...


За време на овулација, хормоните влијаат на процената на жените во поглед на изборот на потенцијалните татковци на нивните потомци, па редовно се одлучуваат за оние кои се повеќе секси отколку за оние кои се посигурни.

"Претходните студии покажаа дека жените една недела пред овулацијата ги привлекуваат секси, бунтовни и згодни мажи, како Џорџ Клуни или Џејмс Бонд, но досега беше сосема нејасно зошто се впуштаат во сериозна врска со ваков вид на мажи", вели Кристина Дуранте, раководител на истражувањето спроведено на универзитетот во Тексас.

Во текот на истражувањето жените прегледувале онлајн профили на секси мажи и на сигурни мажи, за време на високо и ниско ниво на плодност. Жените требало да ја оценуваат потенцијалната способноста на мажот да се грижи за детето и домашните задачи, како одење во продаваница и готвење. Непосредно пред и за време на овулацијата, жените повеќе верувале дека секси мажите повеќе ќе придонесат во домашните обврски.

"Под влијание на хормоните предизвикани од овулацијата, жените се залажуваат дека секси, лошите момци ќе станат верни партнери и подобри татковци. Гледајќи низ овулациските очила г-дин Погрешен станува г-дин Совршен", вели Дуранте.

И повторно добиваме добра причина за своите неразумни постапки да ги обвинуваме хормоните, бидејќи токму тие не спречуваат да излегуваме со добри момци.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...