Tuesday, 15 May 2012 08:41 Љубов & Секс

Тргнавте амбициозно и брзо, а сега ти се чини дека цело време сте заедно? Ако е така, дефинитивно ви треба мал одмор. Некои парови не ни приметуваат колку време се заедно, а ако не си сигурна дали е време за пауза, ова би можело да ти помогне...

Другарките се лути на тебе
Никогаш не мислеше дека ќе дојде до тоа, но твоите пријателки се секогаш на второ место. Секој повик од другарка го дискутираш со својот сакан, а ако и тој има планови за дружење, без размислување ќе го одложиш дружењето со пријателките кои не си ги видела со месеци.

Ги занемаруваш своите цели
Порано имаше цели, а сега со задоволство би лежела во неговите прегратки и ќе гледаш филм? Ова им се случува на многу девојки, но проблемот е во тоа што со текот на време ќе почнеш да го обвинуваш за своите неостварени соништа.

Живеете во симбиоза
Сите сакаме вистинска љубов, но што е многу, многу е. Ако секој негов чекор значи и твој чекор во ист правец, веројатно премногу сте заедно. Убаво е да се биде заљубен, но ако не можеш да одиш во WC без да тој да те чека од другата страна, можеби е време малку да се разделите.

Правите само тоа што тој го сака
Врските се полни со компромис, а ако во потполност си го отфрлила своето хоби за да можете да го правите неговото, време е да се вратиш на она што си го правела пред него. Во твојот живот сигурно има место и за твоите и за неговите работи.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...