Saturday, 12 May 2012 09:44 Љубов & Секс

Ако мажите нешто треба да научат за нас, тогаш тоа се фразите со кои не прават среќни. Популарниот Хомер Симпсон еднаш кажал "Кога станува збор за комплименти, жените се ненаситни, крвопијни животни кои секогаш сакаат уште...уште...уште " и не бил далеку од вистината. Ова се топ пет изрази кои жените сакаат да ги слушат:...

Убава си
Мажите сакаат да даваат комплименти на почетокот затоа што се сеуште во фаза на освојување. Но после откако ќе не освојат, комплиментите остануваат само во нашите сеќавања, но не затоа што веќе не мислат дека сме убави туку веруваат дека сме свесни за фактот дека им се допаѓаме, затоа што во спротивно, многу веројатно не би биле со нас. Дури и кога косата ни изгледа лошо, ние сакаме да ни кажат дека тоа е најубавата коса што некогаш ја виделе.

Се претворив во уво
Мажите понекогаш слушаат со очите а понекогаш и со ушите. Кога ќе почнеме да им зборуваме за нешто важно, свесни сме дека ќе слушнат од прилика 15% од кажаното. Би било убаво кога би не слушале, кога би биле навистина заинтересирани за нашиот проблем и да не ни нудите решение за нешто што не ни треба.

Жал ми е што се чувствуваш вака поради мене
Со вакава реченица на убав начин ни се извинуваат и ни даваат до знаење дека им е жал за начинот на кој не третирале. Имајќи во предвид дека ваквите изјави се виситнска реткост, ги цениме многу, а можеби и посебно ќе ги наградиме.

Како можам да те расположам?
Ова е мала изјава со која можат да се постигнат големи резултати. Од време на време сакаме да знаеме дека нашата среќа им е побитна од нивната.

Горд сум на тебе
Се работи за еден од најдобрите комплименти и фрази на охрабрување кои можат да ни ги понудат. Да ни го кажат тоа во моментот кога конечно ќе сватиме како да свариме грав без да го загориме теџерето или ако сме повикани на работа после 50-тина пратени CV и интервјуа, ќе ни значи многу повеќе од изјавување љубов.

Ти благодарам што направи X, тоа многу ми значи
Можеби често ни велат "благодарам", но ретко се случува да ни кажат конкретно зошто ни се благодарни. Освен тоа, на тој начин даваат до знаење што е тоа што го ценат и што им е важно, па наредниот пат за ваквата услуга нема да мора ниту да не замолат.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...