ТОП ВИДЕО |
Wednesday, 09 May 2012 21:03
Љубов & Секс
Што значи ако вашиот партнер најмногу ужива во мисионерска поза? Прочитајте во следниот текст... Отпозади (doggy style) – Во кревет најмногу сака да ве гледа одзади. Овој маж е повеќе пастув, отколку метросексуалец. Ги обожавa своите влакнести гради, понекогаш се секса во чорапи, а некогаш знае и бурно да изреагира. Подготвен е на се, без оглед дали станува збор за кампување во дивина или рафтинг. Мисионерска поза – Работи во градска или државна управа, или можеби во Влада. Во текот на денот постојано носи костум и вратоврска. Еднаш добил казна за пребрзо возење и никогаш повеќе. Невиноста ја загубил на дваесетина години и тоа оти неговите цимери му изнајмиле проститутка. Тој сака да игра по правила. Сака да ве гледа во очи и секогаш имате секс во истото време. На сите страни – Дали пробува да се бори со вас или имате секс? Со овој маж не сте никогаш сигурни. Физички и психички е поблиску до некој атлет, опседнат е со своето тело, а несигурен е во својот интелект. Затоа ќе ви ја покаже секоја возможна поза, се со цел да ве импресионира. Позитивно е тоа што со овој тип ќе пробате некои работи кои не можете ни да си ги замислите, но внимавајте да не се повредите. Експерт за тантрички секс - Сте го запознале на курс по јога. Косата ја носи врзана во опавче, парфем нема ставено од 1991 година. Не е заинтересиран за луд секс, повеќе сака да ги поврзе својата психичка и сексуална енергија со вашата аура, а единствено тоа ќе го постигне ако го стави својот лингам во вашиот јони. Одличен е во кревет, но по сексот не ќе можете ништо да каснете, освен пченични никулци и тофу. Со него сексот нема да биде на прво место, тоа ќе биде света и спиритуална љубов, а тоа на некои девојки брзо ќе им стане здодевно. Вие озгора – Овој маж е мрзелив. Нема работа, не тренира ништо, а последен пат неговиот стан бил чист кога вие сте го исчистиле. Толку е немотивиран во текот на сексот што единствена работа што стои исправено е неговиот полов орган. Ќе морате да се качите врз него и да глумите каубојка, инаку ништо од забавата. Иницијативата ќе ви ја препушти вас, вие ќе бидете шеф... но сепак некогаш ќе посакате маж покрај себе. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|