Monday, 07 May 2012 09:40 Љубов & Секс

Кога се будиш наутро помислуваш на него. Додека се спремаш за работа, мислиш на него. На работа се жалиш дека неможеш да го најдеш мажот на твојот живот, а кога ќе дојдеш дома , со пријателките (кои исто немаат никого) разговарате за тоа како сеуште сте соло. Ако ова е опис на твојот ден, не е ни чудно што немаш момче. Наместо да чекаш животот да ти започне кога ќе најдеш некој, потруди се да започне веднаш. Ова се некои знаци дека животот ти се врти околу мажите:...

1. Излегувањата мора да бидат со цел
Ако нема момче на планот, излегувањето со девојките ти се чини како беспотребно време за озборување. Девојките кои се оспеднати со пронаоѓање на момче секое излегување ќе го претворат во потрага по мажот на својот живот, а со тоа ќе го уништат излегувањето и за себе и за другите.

2. Животот започнува кога ќе го пронајдеш
Девојките кои бараат момче цо надеж дека со нив се ќе стане подобро ги чека големо изненадување: Не си задоволна со твојот живот без момче, нема да бидеш ниту кога ќе го пронајдеш. Само твоето незадоволство ќе го пренесеш во врската, што уште на самиот почеток ќе значи проблем.

3. Се споредуваш
Секој по малку се споредува со девојките кои се во среќни врски, и не ти е јасно како тие успеле да пронајдат момче, а ти сеуште бараш иако си поубава, подобра и попаметна. Тие девојки веројатно на своите момчиња налетале без планирање, а само затоа што имаат момче, не значи дека се најсреќни на светот. Еднаш кога ќе престанеш да ги гледаш другите и се насочиш кон себе, полесно ќе пронајдеш момче.

4. Кога си во врска, постојано си со него
Еднаш кога ќе успееш да пронајдеш момче, не сакаш да поминеш ниту една минута без него. Ваквото однесување е многу нездраво, затоа што секому му треба простор за дишење и личен развој. Дај му простор на своето момче, инаку сигурно ќе почне да се одалечува.

5. Се делиш од останатите
Сите ја познаваме онаа девојка, која кога ќе пронајде момче, се дели од сите свои птијатели и се претвара од цела личност во половина која неможе да дише без своето момче. Ако не оставиш време за пријателите и луѓето во животот кои биле овде и пред твоето момче, големи се шансите дека нема да бидат овде кога ќе се разделите, а тогаш ќе ти требаат најмногу.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...