Thursday, 03 May 2012 11:32 Љубов & Секс

Започнуваш игра со твоето момче, но тој едноставно не е заинтересиран? Таквата реакција понекогаш е погубна за твоето его затоа што се чувствуваш засрамено и отфрлено. Мажите секогаш сакаат секс, така ли е? Епа не баш. Ви претставуваме пет можни причини поради кои твоето момче те одбива:...

Исцрпен е, под влијание на стрес или презафатен
Веројатно и ти си била уморна толку што не си ни помислила да започнеш некаква игра во кревет. Мажите се склони кон линеарен начин на размислување па поради тоа не е чудно што не е расположен за акција додека има многу работа. Но кога е под стрес, малку повеќе занимавај се со него, така што ќе го потикнеш на секс затоа што е докажано дека таквиот вид на акција помага во опуштање и ослободување од наптнатоста.

Го мачи депресија
Можеби тоа неможеш да го приметиш затоа што состојбата на депресија му трае кратко, но веројатно се труди да го сокрие од тебе за да не го сметаш за "слаб".

Те изневерува
Ова е една од најдобрите причини, но само што се однесува до тебе. Било да се работи за физичко или емоционално неверство, ако и придава многу повеќе значење на новата, помала е веројатноста дека ќе сака да води љубов со тебе. Можеби ќе помислиш дека емотивното неверство не може да влијае на вашиот сексуален живот имајќи во предвид дека твојот сакан нема физички контакт со жената кон која чувствува симпатии, но вината поради "неверството" ќе го натера порано да посегне по својата рака. А тоа е одличен начин подобро да се концентрира на своите желби.

Не те смета за привлечна

Можеби е расположен, но не за акција со тебе. Ова е еден полесен проблем кој може да се реши. Секогаш може да пробате нешто ново. Мажите сакаат разноликост, посебно кога се работи за секс. Ова е виситнско време да посетиш некоја секс продавница и да пронајдеш некој костим на кој знаеш дека ќе падне.

Има проблеми со либидото
Дека мажите се расположени 24/7 е мит. Неодамна едно истражување покажа дека дури во третина од врските мажите имаат пониско либидо отколку жените. Кај нив овој проблем станува воочлив со текот на годините, но затоа ти ќе бидеш таа која често ќе иницира секс.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...