Monday, 30 April 2012 09:13 Љубов & Секс

Дали сте заљубени? Да, тоа е прекрасно чувство, иако понекогаш се однесувате малку чудно...


Еве какви глупости прават заљубените луѓе:

Се појавуваат на местата на кои мислат дека ќе ја сретнат симпатијата

“Еј, од каде ти тука?”, па уште и се прават "наудрени" дека не ни помислиле оти ќе се сретнат баш на тоа место.

Го читаат и нејзиниот/неговиот хороскоп

Некои луѓе веруваат во хороскоп и редовно го читаат, но ако го читаaт и хороскопот за својата симпатија, е тогаш ептен "се зацапале".

Го гуглаат името на симпатијата

Интересирањето за друга личност е добро, ама истражување на неjзиното минато, без нејзино знаење, е премногу.

Го бараат неговото најблиско семејство на Фејсбук

Заљубените поминуваат часови и часови шпионирајќи ги профилите на семејството и бившите на симпатијата. Може и да се случи да ги гледаат фотографиите на неговата мајка и да си замислуваат како таа ќе изгледа на нивната свадба. СТОП!

Ги комбинираат презимињата

Можеби симпатијата не ни знае дека постојат, а тие ги комбинираат презимињата. Девојките дури и го вежбаат потписот со “новото” презиме.

Се сложуваат со сѐ што ќе каже

Сѐ што ќе излезе од неговата/нејзината уста им се допаѓа. А дали слушнале дека спротивностите се привлекуваат?

Ја вежбаат можната конверзација

Застануваат пред огледало и го вежбаат целиот разговор, до кој можеби и никогаш нема да дојде, ако бидеме искрени.

Потполно го/ја игнорираат

Кога тој/таа ќе им се приближи се прават дека не го препознаваат или како воопшто да не им се допаѓа. А дали размислиле дека ако сакаат да го подигнат својот однос на повисоко ниво, кога-тогаш ќе мораат да воспостават нормална комуникација.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...