ВИЦ
Не знам дали сте виделе овие денови, но на реклами постојано викаат: ТОП ВИДЕО |
Tuesday, 24 April 2012 17:19
Љубов & Секс
Сексот во мракот можеби е романтичен и поедноставен затоа што сите маани се избришани, но ако си навистина храбра, ќе го запалиш светлото. Поголемиот број мажи попрво би воделе љубов на светло со жена која има маани, отколку во мрак со совршена жена. 1. Сексот е визуелно доживување Допирите и чувството под прстите се едно, но ако уште и можеш да го видиш тоа што го правиш и да ги гледаш реакциите на својот маж, ќе имаш целосно поинакво доживување за сексот. 2. Ја зголемува интимноста Ако можеш да го гледаш својот партнер во очите додека двајцата уживате во сексот, ќе достигнете многу повисоко ниво на интимност отколку кога се се случува во мрак. 3. Полесно е Ловењето во мракот е напорно, а ако се правите со добро осветлување, ќе можете подобро да уживате. Наместо да ја бараш вистинската точка во мракот, едноставно запали го свелото и ќе видиш точно каде треба да одиш. 4. Доверба Ако на некој му дозволиш да те види на светло, без облека, покажуваш дека имаш доверба во него. Довербата ја гради вашата врска, а на ваков начин меѓусебно си покажувате дека можете целосно да се опуштите кога сте заедно. 5. Доживување Како што кажавме на почетокот, поголемиот број мажи попрво би воделе љубов со несовршена жена на светло, отколку во мрак со совршена жена. Се е во твојата глава, а ако успееш да го победиш гласот кој ти вели дека мораш да се срамиш од своето тело, и двајцата ќе уживате повеќе. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|