ТОП ВИДЕО |
Monday, 23 April 2012 19:56
Љубов & Секс
Ако заклучите дека нема да ја дочекате заедно староста по неколку излегувања, а тој не мисли така, уверете го во спротивното! Според машките искуства, ви кажуваме 10 женски постапки поради кои машката личност нема да посака следен состанок... Како да ја прекинете врската, а да не излезете онаа лошата во приказната? Едноставно, натерајте го тој да го стори тоа или едноставно никогаш повеќе да не посака да ви се јави. 1. Веднаш по првиот состанок променете го статусот на Фејсбук - наместо „слободна“ ставете „во врска“. Би требало да избега како мува без глава кога ќе заклучи дека мислите за сериозно веднаш по првиот состанок. 2. Порачајте само салата кога јадете надвор. Тоа ги излудува машките! Буквално. 3. Неуредните нокти, мрсната коса и несреденото облекување нема да ве воодушеват, но ако тоа е начин безболно да се ослободите од непосакуваната врска, неколку дена воздржете се од дотерување. 4. Опседнатост со работа и секоја слободна минута помината на мобилниот или лаптопот ќе го уништи секое воодушевување. За брзо да се оддвоите од потенцијална машка личност, не одвојувајте се од - мобилниот. 5. Привремено кажете и „не“ на депилацијата. Женската кожа е поим за мазност и нежност, а влакната ја уништуваат секоја желба за допир. Но, не треба премногу да се жртвувате за тој ефект. Доволно е само еднаш да ги забележи влакната на ногата или под пазувите и бидете сигурни дека секоја понатамошна шанса за врска е минато за него. 6. Дрдорење. Машките го доживуваат како нешто детинесто и иритантно ако го слушнат од возрасни жени. Поголем дел од нив сметаат дека со дрдорење и умилкување жените се обидуваат да ја придобијат нивната наклоност или да се извлечат од неволја. Значи, добро извежбајте детска тактика ако сакате да го постигнете спротивниот ефект. 7. Дамки. Иако е вообичаено дезодорансите да оставаат бели траги на облеката, тоа може да изгледа многу неуредно. Како и неуредната коса, нокти и кожа, неуредната облека ги одбива машките на ист начин - за секунда. 8. Жалење. Поголем дел на своја кожа имаат почувствувано колку постојаното приговарање, песимизмот и незадоволството можат да бидат неподносливи. Според тоа, знаете што да правите за успешен ефект. 9. Бонтонот и пристојното однесување им е исто толку важно на мажите колку и на жените. Но, однесувањето кое е далеку од дамско, како груби зборови, недостаток на манири и непристојност ќе го доведат во крајно непријатна ситуација и тешко дека ќе посака повторно да се најде во некоја слична ситуација. На кратко, однесувајте се како што се однесува поголемиот број мажи за да ги истерате од вас. 10. Зборувајте само за вас, заборавете дека постои друга личност во разговорот. Монолог со напорни приказни за себе ја исцрпува секоја желба за слушање на истиот било кога повторно. Ако сакате да ја довршите драмата, приредете му што подолги разговори сами со себе за себе. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|