Monday, 23 April 2012 19:26 Љубов & Секс

Во морето совети кои можат да ви помогнат да откриете дали вие и вашиот партнер сте пар од соништата може да ви помогне и податокот за редоследот на вашите раѓања. Во зависност од тоа дали сте најстарото, средното или најмалото дете во семејството треба да си го бирате партнерот.

Доколку сте вие првородени, а вашиот партнер е најстарото дете во семејството нема причина за грижа затоа што вашата врска е предодредена за успех, но доколку и двајцата сте единствени деца би можеле да наидете на проблеми.

Иако семејството најмногу влијае врз градењето на карактерот и тоа до седмата година од животот на детето и редоследот на раѓање е важен фактор кој влијае врз карактерот.

Доколку за време на запознавањето на потенцијален партнер дознаете дека е првородено, средно или најмало дете во семејството тоа може да ви помогне во откривањето на неговите карактеристики и начинот на кој ќе комуницирате со партнерот.

Доколку вие сте првородени, а партнерот најмало дете во семејството, едноставно ќе уживате во спротивностите кои се привлекуваат. Ова е одлична комбинација и врска која има големи изгледи за успех. Најстарото дете во семејството е одлично организирано и грижливо, а најмалото сака да ужива во туѓото внимание. Со други зборови, вие сакате некој за кого ќе се грижите, а партнерот сака некој кој ќе се грижи за него.

Меѓу најкомплицираните врски спаѓаат оние помеѓу двајца првородени. Таквите личности сакаат да се натпреваруваат и да бидат главни, па конфликтите се многу возможни затоа што секој ќе сака неговиот збор да биде последен. Оваа врска може да успее доколку двата партнера ги почитуваат желбите и потребите на оној другиот.

Врската меѓу првороден и единствено дете е одлична комбинација затоа што првородените ќе имаат разбирање за чувствата и потребите на единственото дете.

Среднородените се одлични партнери за се затоа што се навикнати на компромиси и попуштања за да одоброволат на постарите и помладите браќа и сестри, а нивната врска со првороден може одлично да функционира затоа што ќе попуштаат и ќе им дозволуваат на првородените да бидат главни.

Доколку среднороден се најде во врска со најмалото дете во семејството и таа врска ќе функционира одлично затоа што таа личност ќе му дозволува на партнерот кој пораснал како најмало дете да ги следи своите соништа и ќе го поддржува во тоа.

Врската меѓу двајца среднородени партнери може да функционира, но проблемот кои би го имале е неодлучноста поради што може да им биде тешко да донесет заедничка одлука.

Среднороден и едниствено дете исто така одлично ќе функционираат. Единственото дете ќе сака да биде водич, а партнерот кој е навикнат на компромси ќе му го дозволи тоа со задоволство.

Врската меѓу две најстари деца во семејството се гаранција за хаотична заедница, додека комбинацијата на најстарото дете и единствено дете е добра.

Најтешко ќе успее врската меѓу две единствени деца затоа што и на двајцата партнери навикнувањето на животот покрај некој друг ќе биде нешто ново. Двајцата ќе сакаат да бидат главни и тешко ќе ги земаат во обзир желбите на оној другиот.

Единствено е сигурно, дека ако знаете дали вашиот партнер е првороден или најстаро дете што ќе може да ви помогне во предвидувањето на вашата врска, но постои уште цела низа карактерни црти, мани и доблести на кои едноставно нема да можете да им одолеете. Вие на вашиот партнер, и вашиот партнер на вашите.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...