Thursday, 19 April 2012 16:07 Љубов & Секс

Животот дефинитивно се забрзал... Сигурно некогаш сте слушнале дека седмата година од бракот е „критична“? Е, тоа повеќе не важи, сега можете да почнете да се грижите веднаш по третата годишница.

Притисокот кој го наметнува модерниот живот допринесе проблемите во односот да почнат да се појавуваат многу порано, што кај паровите кои не успеваат да се изборат со нив најчесто резултира со експересен развод.

Психолозите велат дека причина за тоа е неуспешниот обид за наоѓање на баланс меѓу кариерата и семејството, со промена на традиционалните улоги на мажот и жената. Како „ризичен фактор“ се наведува се покасното влегување во брак, често на брзина, така што партнерите не успеваат ни да се запознаат како што треба и да навикнат на заеднички живот пред доаѓањето на бебето.

Анализата која ја спровел сјтот Netmums, покажува дека ризикот за развод е 4,5 пати поголем после три, наместо после седум години брак.

Дури 21% од паровите кои се развеле изјавиле дека односот почнал да се расипува меѓу втората и четвртата годишница од бракот, а 12% од нив се развеле за време на првата година.

Можеби најтажно од се е што паровите кои учествувале во истражувањето во главно се согласуваат дека притисокот почнал да расте, а проблемите да се трупат откако добиле дете.

Од 3.000 луѓе колку што учествувале во истражувањето, 42% велат дека од партнерот почнале да се оддалечуваат поради детето, а само третина од испитаниците изјавиле дека детето ги зближило.

„Одржувањето на складни односи во баракот не е едноставно ниту во најдобри времиња, а кога бебето ќе дојде на свет, притисокот дополнително расте. Ако овде го додадете недостатокот на време, грижата поради работа, недостатокот на пари, тогаш и не е толкаво изненадување што врските се распаѓаат се порано“, вели Сиобан Фригард, која го основала Netmums.

Истражувањето покажало дека две третини од паровите веруваат дека денеска е потешко да се зачува бракот од порано, дека е потешко да се одржува љубовта кога двајцата партнери работат, но и дека луѓето се се помалку подготвени на компромис и дека одлуката за раскинување често се донесува лесно.

„Жените денеска се под многу поголем притисок, од нив се очекува да бидат совршени сопруги и мајки со одлична кариера, додека мажите поради променетите улоги се се понесигурни. Порано жените децата ги раѓаа во дваесетите години, а денеска таа граница е поместена една цела деценија, па можеби поради отчукувањето на биолошкиот часовник наместо партнер бараат ‘татко за детето’. Проблемот настанува кога бебето ќе дојде во момент кога бракот се уште нема цврсти темели. Но, решение постои, едноставни, мали работи како што се одржување на комуникацијата, ситни знаци на внимание и покажувањето на емоциите ја чуват љубовта“, заклучува Фригард.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...