Wednesday, 18 April 2012 08:56 Љубов & Секс

Врските со тек на време ја губат страста и шармот кои владееја на самиот почеток. Сакавте целото свое време да го минувате заедно и никако не можевте да се заситите еден од друг. Но, некако во последно време се чувствуваш како твојот дечко да те става во втор план, така што повеќе внимание им посветува на работите кои порано не ги ни забележуваше. Полека почнуваш да веруваш дека си му здосадила. Провери ги причините поради кои тоа би можело да биде вистина...

Бара предизвик
Некои момчиња се палат на девојки кои за нив се недостапни, или пак се прават дека се. Изгледа дека некаде во нивната потсвест веруваат дека недостапните девојки се повозбудливи од останатите.

Не сакаат негодувања
Сите мажи се држат подалеку од жените кои имаат потреба постојано нешто да приговараат. На почетокот од врската жените се воздржуваат од таквите активности со цел да се покажат во подобро светло. Но ако ја имаат желбата за контрола, со текот на времето тоа ќе го искажуваат се погласно и појасно. Проблемот настанува поради фрустрација, која се претвора во иритација, а завршува со неподносливост на другата личност.

Повеќе сакаш да му бидеш жена одколку девојка
Повеќето девојки помислуваат на брак и деца штом ќе почувствуват сигурност во својата врска. Мажите не се толку склони кон размислување за венчање, а притисокот од партнерката би можел да ја разлоши целокупната ситуација и да го наведе момчето, за бракот како институција, да има уште полошо мислење отколку она што го имаше на почетокот.

Водењето љубов мора да биде возбудливо
Секој од нас има свои потреби кои мора да бидат исполнети, но различниот биоритам и рутината која се вовлекла во кревет, можат да бидат сериозни проблеми.Потрудете се од време на време да внесете нова сексуална поза или да го промените местото на кое водите љубов.

Не секој му треба простор за себе

Природно е да сакаме да поминуваме што повеќе време со личноста што ја сакаме, но времето кое го минуваме разделени е суштинско за врската. Потребно е да си обезбедите време и простор во кој ќе функционирате сами така што ќе имате повеќе желба еден за друг. И најубавата храна може да биде досадна ако ја конзумираме 24/7, а тоа исто важи и за личноста со која сме во врска.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...