ТОП ВИДЕО |
Thursday, 12 April 2012 17:25
Љубов & Секс
Брмчењето - кога една личност постојано повторува едно исто барање, додека друга упорно ја игнорира - е проблем со кој порано или подоцна ќе се соочи секој пар. Во статија под името „Запознајте го убецот на бракот“, Wallstreet Journal ги предупредува дамите да го избегнуваат брмчењето доколку сакаат да ја зачуваат својата врска. Брмчењето може да биде исто толку опасно по бракот како и изневерувањето или лошото управување со финансиите, истакнуваат професионалците, наведувајќи дека оваа „токсична динамика“ во комуникацијата неизбежно води до прекинување на врската. „Луѓето приговараат затоа што имаат чувство дека нема да го добијат тоа што го бараат од другата личност, па имаат потреба тоа постојано да им го бараат за да го добијат на крајот“, објаснува психологот Скот Вецлер. Професионалците наведуваат дека жените брмчат почесто од мажите, затоа што тие по природа се поодговори за управување со домот и семејниот живот. Тие се во состојба побрзо да го воочат проблемот во бракот и кога нешто бараат, а не добиваат одговор, тоа е за нив знак дека нешто „не штима“. Проблемот е во тоа што со постојано повторување само уште повеќе ја влошуваат работата. Мажите, исто така, носат дел од вината, затоа што ретко им се случува да дадат јасен одговор на поставеното прашање. Се разбира, мажот ќе се обиде да „не го слушне“ брмчењето на жената, затоа што поради тоа се чувствува како момче кое мајка му го прекорува. Тие најчесто не се изјаснуваат или затоа што не знаат што да кажат или затоа што не сакаат да ја разочараат својата сопруга. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|