Tuesday, 10 April 2012 09:37 Љубов & Секс

Сите ние имаме по една пријателка која е убава, паметна и е вистински плен, но секоја од нејзините врски завршува многу брзо,  вклучувајќи ги и расправиите...

Не знаеме дали проблемот е во нејзиниот дечко, но ако вашата пријателка се служи со некои од овие работи, можно е токму тие да бидат причината за кратките врски и караниците во нив:

Разговор за бившиот

Никој не сака да слуша за авантурите и анегдотите, вклучувајќи поранешните девојки или момчиња, а луѓето кои го прават тоа многу брзо стануваат досадни. Ако зборуваш за твојот бивши, праќаш порака дека сеуште го немаш заборавено, а исто така и му досадуваш на новото момче, кои сигурно повеќе сака да разговара за нешто друго.

Неговото семејство

Неговото семејство може да ви оди на нерви, но не значи дека треба да му го кажете тоа. Сите работи кои те нервираат кажи ги на својата пријателка, а кога си со него пробај да се однесуваш како се да е во ред со неговите. Сигурни сме дека  нема да те избере тебе доколку му поставиш услов.

Лаги

Некои луѓе се склони кон лажење: од оние големите до они мали лаги кои се непотребни. Измислувањето често пати е проѕирно, а и никој не сака да биде со личност која нема попаметна работа, отколку да ја менува вистината од чиста забава.

Интереси

Можеби имате некои заеднички интереси, но тоа не значи дека можеш да го натераш да ја гледа целата сезона на Сексот и градот со тебе. Работие кои ги сакате, слободно правете ги заедно, но имај во предвид дека и на двајцата ви треба одмор од заедничкото време.

Кавги

Не дозволувајте некоја кавга да остане недорешена. Едно е да си дадеш време за да се изладиш, но ако едноставно го избегнуваш конфликтот, после извесно време ќе пукнеш кога не треба и ќе делуваш потполно блесаво. Кажи се што ти лежи на срце, а ако тој не го цени тоа, време е да си најдеш некој друг.

Приговарање

Тој не ги крева чорапите од подот, но тоа не значи дека секојдневно мора да му приговараш за тоа. Ако не успеа да го натераш првите десет пати, зошто мислиш дека единаесетиот ќе биде поразличен? Меѓу другото, и ти сигурно имаш некои навики кои нему му одат на нерви. Можеш да му приговараш слободно, но така нема да постигнеш ништо освен  нервоза, а чорапите сигурно пак ќе останат на подот.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...