Sunday, 08 April 2012 10:34 Љубов & Секс

Понекогаш е тешко да ги разликувате мажите и „момчињата“ затоа што и двајцата се од машки пол, на исти години и сличен изглед. Се разликуваат единствено по однесувањето и начинот на кој ги третираат своите партнерки. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да ги разликувате тие две многу слични, а сепак различни видови.

На мажите поважен им е квалитетот од квантитетот

Одамна ја имаат пораснато фазата на пустото празнење, собирање трофеи и фалење на утринските кафиња по ноќните излегувања. Мажите ќе бараат квалитетен однос во кој ќе можат да вложуваат и кој ќе сакаат да го однесат на повисоко ниво.

Немаат проблем со завршувањето на незадоволувачките врски

Ако односот е контрапродуктивен и свесни сме дека нема долго да функционира, најдобро е да се каже „збогум и среќно“ што побрзо. Сите знаеме дека тоа не е лесна задача, посебно кога во игра се емоции, но исто така знаеме дека тоа е составен дел од животот. Мажот никогаш нема да остане во незадоволувачки однос и да чека другата страна да заврши наместо тој самиот, затоа што тоа го смета за кукавичлак. Тој не избегнува тешки разговори и ситуации, за разлика од момчето кое може без трага да „изчезне“ за да не мора да се соочи со нешто што не му одговара.

Знаат да слушаат

Сите тие слушаат, но ретки се оние кои што слушнуваат што им се зборува. Мажот знае колку е важно да ја сослуша својата партнерка без упаѓање во зборот и исчекување да го каже тоа што тој има да го каже.

Го ценат времето на жените

Со текот на времето ги прераснуваме игрите и од своите мажи сакаме искреност во секој поглед, па и насока на нашиот однос. Мажите не мораат да ги лажат жените за од нив да го добијат тоа што го сакаат. Тие тоа го добиваат со отвореност и ранливост на која се изложуваат откако ќе и го поклонат своето срце на некоја. Не го влечат женскиот род за нос затоа што премногу го ценат нивното, но и сопственото време.

Ги признаваат своите грешки

Мажот ќе разбере дека одговорноста за своите постапки треба да ја преземе на себе без толпа непотребни противобвинувања и префрлања на вината на било кој друг. Момчињата во овој случај ќе го избегнат правилниот начин и својски ќе се трудат жената да ја убедат дека е „луда“ и несигурна затоа што ги обвинува за нешто за што наводно нема право.

Избираат жени наместо девојчиња

Вистинскиот маж ќе биде привлечен од жена која знае што сака, полна со самодоверба и самопочитување. На момчињата повеќе ќе ги интересираат девојчиња кои се несигурни, подложни на влијание и со кои лесно може да се манипулира. Бараат некој кој нема да ја види нивната несигурност и некој доволно наивен да верува во нивните лаги.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...