ВИЦ
50 евра казна ТОП ВИДЕО |
Monday, 26 March 2012 13:00
Љубов & Секс
Сте нашле нов дечко и подготвени сте врската да ја донесете на ново ниво - она во спалната соба. Во главата веќе сто пати сте мечтаеле за таа средба и се било совршено, но како можете да знаете дали вашиот објект на похота и во реалноста ќе добие петка за интимен однос? 1. Се однесува како џентлмен Ви ја отвара ли вратата, ви помага ли да го соблечете капутот, се сеќава ли да ве праша за важен проект на работа? Сите тие се знаци дека тој мисли на вас, а ако е внимателен џентлмен надвор од спалната соба, можете да бидете сигурна дека кон вас ќе се однесува исто и кога ќе се изгасат светлата. 2. Знае како да ве допира Добар љубовник е оној кој ја цени сензуалноста и надвор од спалната соба. Мажот кој ви ја допира раката за време на вечерата, кој нежно ви го допира грбот додека излегувате низ вратата, незабележително ве фаќа за рака додека шетате ќе знае како да ве допира и по целото тело. 3. Не се врти се околу него Многу е веројатно дека типот маж „да зборуваме сега малку за мојот автомобил“ нема да биде некој со кој ќе посакате да го повторите сексот, ако воопшто дојде до тоа. Во креветот ќе ве усреќи оној кој прво вас ќе ве праша како сте го поминале денот, ќе ве однесе во вашиот омилен ресторан иако не е најголем обожавател на таа храна, ќе изгледа со вас романтична комедија... 4. Не му се брза Мажот кој сака сериозна врска со вас знае дека вие сте вредна за чекањето. Затоа, ако ви каже „да почекаме“ или „не ми се брза“ немојте да мислите дека ве одбива, туку знајте дека сака подобро да ве запознае за во креветот да ви биде колку што може подобар партнер. 5. Со него се чувствувате прекрасно Мажот со кого во креветот ќе се чувстувате слободно и опуштено не штеди на комплименти и ќе ја пофали секоја ситница која ќе ја забележи на вас и која му се допаѓа. И на начинот на кој ве гледа ќе се чувствуате секси и привлечно. Таквата хемија гарантира совршен секс. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|