ТОП ВИДЕО |
Friday, 16 March 2012 12:56
Љубов & Секс
Изреката „Круштата под круша паѓа“ настанала со причина, а доказите се наоѓаат насекаде околу нас. Ако сакате да дознаете каков ќе биде вашиот партнер во педесетите, запознајте го неговиот татко. Иако сите сме единствени и сами одговараме за своите животни одлуки и постапки, постојат врски кои не смееме да ги занемариме. Ако сакате да го запознаете вашиот партнер, добро набљудувајте го неговиот татко. Воспитувањето и начинот на размислување на родителите имаат значајна улога во растењето на детето. Иако сите ние не сакаме да ги повторуваме грешките на нашите родители, постојат некои работи на кои не може да се влијае. Ако вашиот партнер растел во семејство во кое таткото сакал да „шара“ менувајќи млади љубовници на месечна основа, бидете внимателни затоа што истото може да ви се случи и вам. Детето кое расте во такво секојдневие од таткото учи како да се однесува кон жените. Таквите ситуации најчесто се гледаат во примитивните средини каде што жените се уште немаат право да донесуваат никакви одлуки ниту да се мешаат во одлуката на припадникот на посилниот пол. Но, со оглед на тоа дека мажите растат речиси целиот живот, на вас е да го направите вториот чекор и да покажете што се жената може и што значи вистински партнерски однос. Ако тоа не ви тргне од рака, можеби е време да побарате некој кој ќе ви врати со иста мерка - со љубов и со почит. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|