ВИЦ
ПЛАВУША: Мажот ми донесе кокошка вчера и ми рече убаво да ја спремам за во недела.Незнаев кокошките што носат во недела ама и најдов едно убаво фустанче. ТОП ВИДЕО |
Wednesday, 14 March 2012 20:13
Љубов & Секс
Дознајте каков партнер имате покрај себе - нумеролошко толкување на името... На секоја самогласка доделете и број и соберете. Доколку добиете двоцифрен број соберете ги неговите цифри за да добиете едноцифрен. Така уште при запознавањето ќе можете да сфатите со каков маж сте си фатиле работа. А - 1 Е - 5 И - 9 О - 6 У – 3 Пример: Никола 9+6+1=16 1+6=7
1 Toj одлично се снаоѓа во кревет, но само кога е расположен и навистина сака секс. За жал тоа нема да се случува често. “Уморен сум!”, “Имав напорен работен ден!”, “Не можам сега!” - се реченици кои често ќе ги каже. Околу него навистина ќе морате да се потрудите, а кога конечно ќе се фати на замката ќе биде исклучително нежен и страстен љубовник.
2 За овој маж никако не треба да тврдиме дека е совршен љубовник. Тој е досаден и е само бледа сенка на љубовник каков што секоја жена би сакала да има покрај себе. Тој сака да се фали со своите “потези”, иако тоа се само обични лаги. Ако повеќе се посвети на самиот себе можеби ќе дознае што е страст и желба. Затоа помогнете му подобро да се запознае самиот себе си.
3 Овој маж обожава секс, и тоа жесток. А при тоа обрнува внимание и на желбите на својата партнерка. Ќе се погрижи да создаде романтична атмосфера и ќе и посвети доволно внимание на жената со која е. Но после неколку недели поминати со него ќе имате чувство како се да е однапред испланирано - па набрзо ќе ви здодее сето тоа. Затоа ако не сакате досадата да се вовлече во вашиот љубовен живот, изненадете го вие!
4 Со овој маж може да доживеете неверојатен секс - но само ако имате исти интереси и желби како и тој. Тој нема никогаш да се откаже, дури и ќе се преправа дека нешто му годи иако не е така. Тоа сепак не значи дека сака СМ игри, туку дека повеќе би му се допаѓала масажа или некоја одредена поза. А доколку тоа вам не ви се допаѓа... тешко вас! 5 Овде зборуваме за многу шармантен маж. Тој ги знае сите ваши тајни и умее со еден допир да ве доведе до лудило. Понекогаш е доволен и поглед за да ве усреќи. Сепак, не смеете да го прашате кога и каде ги научил сите тие вештини, тоа може да го повреди.
6 Зад овој број се крие следнава порака: тој обожава секс, но во себе носи и нешто "животинско". Бројот 6 е ѓаволски број. Кога ќе се опушти нема да можете да го запрете. Можеби баш тоа ве излудува? Одлично! Доколку сакате да доживеете неверојатна среќа со овој човек, покажете интензивни емоции и страст кон него, и сигурно нема да ве напушти.
7 Ниту еден маж нема да ви покаже повеќе сочувство од овој. Тој умее да го слуша соговорникот, многу е внимателен и нежен љубовник. Обожава да слуша нежна и романтична музика и да ужива со сите сетила. Дали е ова маж? ДА! Доколку тоа ви се допаѓа, препуштете му се и заборавете на сите околу вас.
8 Осум е бројот на бесконечноста, а вие сте закачиле маж кој не знае за доста. Тој секогаш сака секс, и тоа интензивен. Сигурно ќе ви биде прекрасно, доколку и вие сте такви. Во спротивно ќе мора да ги задоволите неговите сетила на некој друг начин. Зошто да не!? Сето ова само ќе ја предизвика неговата страственост. Скоро секоја жена сонува за ваков маж.
9 Бројот девет симболизира дивина. Кога овој маж ја демонстрира својата страст ќе имате чувство како да се наоѓате во некој друг свет. Него сексот му е во крвта, уметноста на заведувањето му е второ име. Единствен проблем е што ништо друго не му паѓа на памет. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|