"Кама Сутра" e древниот познат говор за љубовта, во кој се собрани знаењето вештините и мудроста на илјадници интимни парови...
Оваа непроценлива книга е напишана од Ватсјајана, индиски мудрец кој живеел во 3-4 век од нашата ера.
"Кама Сутра" содржи 35 поглавја, подели на 7 дела, секој еден напишан од експерт во соодветната област. Деловите се означени на следниот начин:
Вовед (4 поглавја) - за љубовта како целина, за значењето и во животот на луѓето и за класификацијата на жените.
За сексуалното спојување (10 поглавја) - длабока анализа на бакнежите, различните љубовни игри, оргазам, сексуални пози, орален секс, парафилија, како и ситуацијата на љубовниот триаголник (тројка со сопруг, сопруга и љубовница на сопругот).
Како се наоѓа жена (5 поглавја) - опис на уживањето и свадбата
За жената (2 поглавја) - прецизност како треба да се држи една жена.
За жените на другите (6 поглавја) - текстот е насочен кон заведувањето.
За проститутките (6 поглавја).
Како да ги фасцинирате луѓето околу вас (2 поглавја).
Интересно е што во Индија често на девојките и жените им се подаруваат книги, слични на Кама Сутра, кои ќе им помогнат да се откријат сексуално и да соберат искуство во оваа чувствителна област.
Во денешно време Кама Сутра несомнено е најпознатата книга на светот со вежби за љубовта. Самото име ни кажува дека таа нуди спокојство во сексусалните односи. Честопати сепак свеста на тоа прашање може да се базира на митови и заблуди.
Според едно од овие заблуди Кама Сутра се смета за последниот, древен, западноевропски учебник за секс, во кој се опишани повеќе од 10 различни пози.
Има и друг мит - дека позите опишани во книгата, се толку технички сложени што не можат да се применат во пракса без посебна физичка подготовка. Не е така. Всушност не треба да се одликувате со физичка сила и акробациски вештини за да ги пробате во кревет овие индиски вежби.
Повеќето од овие погрешни мислења се должат на тоа дека на Запад до ден денешен нема аналог на Кама Сутра. Западните изданија во повеќето случаи се или порнографија, или нешто како медицински директориум, повеќе како учебник по анатомија, отколку книга на љубовта. Затоа на човек воопшто не му доаѓа да го прифати сексот како уметност.
Всушност многумина од европејците гледаат на сексот како на начин да ги задоволат потребите или како ефикасно "оружје" за репродукција.
На исток сепак сексуалениот однос уште од одамна се смета за нешто тајно, свето, а интимните односи помеѓу мажите и жените се опишани во книгите со спокојство уметнички изрази и зборови. И оваа празнина, која ја дели современиот "сексуален" јазик од јазикот на исток е поразително голема.
Во Кама Сутра, сексуалниот чин го нарекуваат "Божествено спојување".
Кама Сутра е почитување пред жената, вистинска Ода. Во секој збор во врска со жената, позира восхит. Затоа што во Кама Сутра жената има најмногу права, без неа човекот не може да биде и една третина од задоволствата, предложени од оваа неверојатна книга.