Tuesday, 06 March 2012 16:07 Љубов & Секс

Покрај силните теории за тоа дека љубовта со времето избледнува, а ја заменуваат почитувањето и разбирањето, научниците открија дека тоа не мора да се случи. Се разбира, како и за сите големи, вредни работи во животот, за сè да биде како што треба потребно е да се потрудите.


На сите ни е познато онаа чувство на треперење на целото тело во почетокот на врската, односно вљубеноста која ја предизвикуваат хемиските реакции во мозокот, кои можат, ако имате среќа, да водат до поинтензивни и долгорочни емоции - љубов. Но, како што времето поминува, може да се случи љубовта да почне да избледнува, а нејзиното место полека, речиси незабележително да го заземе почитувањето кон партнерот и сè што имате поминато заедно.

Сепак, покрај ова раширено верување, научниците велат дека таквиот развој на случувањата не мора секогаш да се одигра, односно вистинската, искрена љубов од почетокот на врската може со ист интензитет да пламти и по повеќе децении.



Научниците од Стоуни Брук универзитетот спровеле истражување во кое учествувале 274 личности кои во брак во моментот на спроведувањето на студијата биле најмалку десет години. Од испитаниците се очекувало да одговорат на прашања во врска со своите чувства кон партнерот, а резултатите ги изненадиле психолозите.

Околу 40% од испитаниците изјавиле дека чувствуваат „многу интензивна љубов кон партнерот“, 13,4% од нив своите чувства ги опишале како „силни“, а 26,2% од испитаниците рекле дека се сè уште „прилично вљубени“ во сопружникот.

Кога требало да ги дефинираат своите чувства, испитаниците ги опишувале како комбинација на „позитивни и добронамерни мисли“, „љубезност кон сопружникот“, „сексуални односи“ и „општо чувство на среќа и задоволство“.



Анализата од добиените резултати покажала дека интензитетот на чувствата донекаде слабее по 20 години брак, но деценија подоцна повторно се засилува.

Исто така, излегло дека постои разлика меѓу половите која влијае на доживувањето на љубовта. За мажите е важно често да размислуваат за партнерката и со неа да уживаат во заеднички активности, додека на жените, верувале или не, за среќа им е потребно да имаат некој вид „слободен простор“. Излегло дека посилна љубов кон сопругот чувствуваат жените кои имаат хобија во кои уживаат сами или работа која ја сакаат и која ги исполнува.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...