Што е љубовта? Каде се крие она мистериозно чувство, oна скокоткање во стомакот, кое го чувствуваме кога ќе ја сретнеме љубовта...
Експерти ги открија вечните прашања за вљубувањето и открија интересни факти за тоа мистериозно чувство.
Љубовта - тоа е болест
Минатата година љубовта беше официјално прогласена за ментално отстапување, а светската здравствена организација ја криптираше "болеста" со шифра "F 63.9".
Има позната логика во тврдењата на лекарите - кога човек е вљубен, тој е лишен од сон, апетит, нагло му се менува расположението и е способен дури и да се "мрдне од памет", доколку чувствата не му се возвратени.
Љубовта е лек
Љубовта опфаќа главно две области на мозокот. Научниците го оддаваат тоа на влијанието на големите количества на допамин - хормонот на љубовта. Интересно е што со таква сила, овие области на мозокот реагираат само на кокаин.
Љубовта - магија, која не трае повеќе од 3 години
Психолозите велат дека љубовта трае само 3 години, а соживотот за подолг период е само навика. Романтичарите сепак се убедени дека љубовта е вечна.
Луѓето се глупави кога се вљубени
Германскиот научник Андреас Барт тврди дека зоната на негативните емоции и рационални одлуки во мозокот на човек кој е вљубен, буквално "спие". Тоа значи дека вљубените навистина се глупави и прават бесмислени постапки.
Сексот ја убива љубовта
Премногу честиот секс ја убива љубовта, бидејќи серотонинот, кој се ослободува за време на секс, го намалува нивото на допамин, хормонот на "вистинската љубов".
Седмата љубов е вистинската
Научниците веруваат, а социолошките истражувања потврдуваат дека пред да ја најдете сродната душа, треба да се вљубите шест пати во погрешна.
Првата љубов е само за мажи
Според статистиката, двајца на секои пет мажи се женат за својата прва љубов.
Љубовта го продолжува животот
Докажано е дека мажите кои ја бакнуваат својата сопруга секој ден пред работа, живеат 5 години подолго.
Венчалниот прстен ја активира љубовта
Традицијата да носат венчални прстени на неименуваниот прст на десната рака се појавила уште во Египет. Египјаните верувале дека овој прст е симбол на љубовта и е поврзан со срцето.
Бракот го убива сексот
Статистиката покажува дека немажените парови водат љубов почесто. Секоја четврта двојка, која не ставила потпис на хартија има секс секој ден.
На мажите им се потребни најмалку шест оргазми месечно
Таков заклучок бил направен од древните Грци: маж, кој се соочува со помалку од шест оргазми за 30 дена, го зголемува ризикот од рак.
Колку повеќе љубов, толку повеќе деца
Сопругата на русинот Фјодор Василев, живеела во 18 век и има 69 деца. Од 27 бремености, таа има 16 пара близнаци, 7 тројки и 4 близначиња. Сега верувате во силата на љубовта?