Tuesday, 14 February 2012 11:43 Љубов & Секс

Бакнежот можеби е само бакнеж, но кога вљубените се бакнуваат на Св. Валентин учествуваат во една од најбизарните и најдолговечните човечки активности...


Антрополозите велат дека бакнувањето се развило од "душкањето", со кое луѓето со векови се занимавале за да дознаат повеќе едни за други. "Во еден момент, завршиле на усните... и тоа им изгледало многу подобро", вели антропологот Вон Брајант од универзитетот во Тексас.

Во поголемиот дел од човечката историја, сетилото за мирис било поважно од било кое друго сетило во човечките односи. Луѓето се душкале за да го утврдат расположението, здравјето и социјалниот статус, рекла Шерил Киршенбаум, авторка на книгата "Наука на бакнувањето", исто така професорка на универзитетот во Тексас.

Бакнежот како романтичен израз на чувствата веројатно е роден во Индија. Во епската поема Махабхара, напишана околу 1000 години пред Христос, се наоѓа првиот познат опис на романтичен бакнеж во историјата. "Таа ја стави својата уста на мојата и произведе звук кој во мене го разбуди задоволството", вели поемата. Историчарите веруваат дека во таа доба таков вид на бакнување било непознато во Европа, во која покасно ја донел Александар Велики. Во античка Грција, бакнежот бил само начин на комуникација на социјалниот статус, чин и лојалност меѓу војниците. "Тоа беше начин на изразување на општествената хиерархија", изјавила Шерил Киршенбаум.

Општествено рамноправните мажи се бакнувале во уста

Наместо бакнеж на човечкото тело, долго време се означувал и рангот на воената или на општествената хиерархија. Општествено еднаквите мажи се бакнувале во уста, додека војниците, слугите и робовите се бакнувале во образ, рака, нога, долен раб на облеката или на земја пред многу важна личност. Тоа траело се до 18 век. Древните римјани први почнале да го практикуваат "savium", односно како што го нарекувале тие "бакнеж на душата", односно тогашна верзија на француски бакнеж. Царот Тибериј се обидол да го забрани "savium" бидејќи верувал дека пренесува лепра, но тоа не му успеало.

Сепак, најголем убиец на забавата со бакнување биле првите христијани. Во Библијата се спомнуваат бакнежите на предавство (Јуда), бакнежи на поздрав, бакнежи на покорување и бакнежи на животот (Битие).

Неколку папи се обиделе да го забранат романтичното бакнување, а во 1312 година Клемент V го прогласил за смртен грев.

Во тоа време бакнувањето било непознато во остатокот од светот. Во Африка, Азија и Океанија бил донесен од страна на европските мисионери. "Го рашириле бакнежот на многу луѓе, како што им го пренесувале божјиот збор", рекол Брајант. Социологот Џефри Сумбер напишал книга за општествената важност на бакнежот. "Бакнувањето е комуникација меѓу телата. Тоа е мост помеѓу нашите зборови и дела", додал тој.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...