ВИЦ

Здогледува полицаец поп како вози велосипед без раце го сопира и му вели Добар ден попе ! Зошто ти возиш без раце ајде сега да платиш казна од 50 евра!!
Попот: Синко не возам јас без раце, со мене Господ управува!!!
Полицаецот: Ааа значи вие двајца се возите, тогаш 100 евра казна!

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Monday, 13 February 2012 16:22 Љубов & Секс

Многу жени ќе речат дека најстресниот дел од врската е запознавањето со неговите родители...

Ако реално гледате на работите, тоа навистина не е лесно. Вие сте саканата на нивниот син кој е совршен за нив, па и од вас се очекува истото. Но не грижете се, вие не морате да бидете совршени, совршени сте вакви какви што сте, бидејќи ако не сте тој немало да ве одбере. Сепак ние се погриживме за вас да ви собереме неколку совети кои ќе ви помогнат полесно да го преживеете првата средба.

Сепак, пред да започнеме со советите, имајте на ум дека со запознавањето не треба да брзате, пред да ги запознаете родителите, дознајте се за својот дечко и дајте си време за да се зближите, а по тоа ќе почувствувате кога е вистинскиот момент.

Направете истрага

Пред да тргнете во освојување на територијата, распрашајте се за нив. Дознајте со што се занимава неговата мајка, какво хоби има неговиот татко и за кој клуб навива неговиот брат. Без двоумење прашајте се што ве интересира за полесно да го подготвите теренот и да присоберете теми за разговор. Секако со дечкото разговарајте за тоа какви особини имаат неговите родители и обидете се да дознаето што најмногу цени кај нив.

Локација

Најдобро би било кога првата средба би ја организирале во некое кафуле во кое ќе можете удобно и опуштено да разговарате. Освен што ќе ја растеретите неговата мајка, бидејќи нема да мора да ви подготви совршена вечера и вам ќе ви биде поедноставно, бидејќи нејзината совршена вечера лесно би можела да се претвори во несовршен оброк. Но во кафулето, нема да бидете сами и така ќе ви биде полесно да се опуштите, а ако ви престане темата секогаш можете да го прокоментирате неудобниот стол или љубезниот келнер.

Доцнењето е забрането

Знаеме дека е женствено на секој состанок малку да задоцните, но потрудете се на состанокот со неговите родители да дојдете на време. Доцнењето би можело да остави впечаток дека сте неодговорна личност, а ако се потрудите да дојдете на време ќе создадете впечаток дека навистина се грижите за средбата со нив, но и вашиот партнер тоа ќе го цени.

Подароци

Пристојно е на првата средба со неговите родители да донесете некаков подарок. Но, и за тоа треба да се води сметка. Не морате да дојдете со златна бразлетна и виски чија цена неможете ниту да ја изговорите. Најдобро би било кога на неговата мајка ќе дадете букет цвеќе или омиленото чоколадо (при изборот ќе ви помогне она распитување од почетокот), а на таткото некое квалитетно вино.

Облека

Првиот впечаток воглавно остава и облеката. Затоа никако немојте да облечете фустан во кој вашите гради ќе изгледаат толку големо, ниту прекратка сукна во која ќе ги исфрлите сексипилните нозе, тоа ќе остави на родителите многу лош впечаток. Најсоодветно ќе биде ако облечете фармерки, убава кошула или симпатичен фустан. Не морате и премногу да претерувате со шминката.

За што да зборувате?

Во разговорот бидете природни, кажете некој смешен виц, пробајте да разговарате на теми кои ги интересираат сите, за омилената храна, омилена музика или некои добри филмови. Потрудете се да не зборувате само за себе, секако пофалете го нивното куче и слушајте што ви зборуваат, поставување на прашања и покажете дека ве интересира што ви зборуваат.

За што да НЕ зборувате?

Обидете се да избегнете теми поврзани со политиката, религијата или некои други теми кои можат да бидат непријатни, ако се ваши ставови не се согласуваат со нивните, обидете се да го покажете тоа на умерен начин и немојте да ги напаѓате туку докажете дека го цените тава што го мислите, бидејќи се поискусни.

Немојте да се наметнувате

Пожелно е на неговите родители да им поделите неколку комплименти, но немојте да претерувате. Не морате секоја секунда да повторувате дека колачот на неговата мајка е вкусен, ниту да и напоменете дека има прекрасен ѓердан. Секој добива комплименти, но никој не сака претерување.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...