Saturday, 11 February 2012 15:58 Љубов & Секс

Оргазмот е кулминацијата на сексот и може да биде исклучително фрустрирачки ако не сте во можност да го доживеете...


Ако не сте или не можете да доживеете оргазам, време е да го испитате вашето тело.

Во оргазмот е вклучено целото тело

Оргазмот вклучува голем дел од телото, нерви, мускули кои се напнати, бели дробови кои брзо работат, а се ослободуваат и одредени хормони. На кратко, во оргазмот учествува речиси цело тело.

Затоа првиот чекор во решавањето на проблемите со недоживеаниот оргазам е одење на лекар. Тој ќе може да ги потврди или отфрли физичките причини, врз основа на кои за прв пат ќе преземе соодветни чекори, но добро е да се знае дека се физички причини кои не можат да се отстранат.

Комбинација на физичкото и психичкото

Многу дефиниции и теории за оргазмот се дефинираат како збир на физички и ментални работи, па за неможноста да се доживее оргазам најмногу има удел психата, а најчестите причини се замор и стрес.

За да можеме да доживееме оргазам, мораме да бидеме опуштени и фокусирани, а во тоа ќе ви помогнат романтичната музика, пригушеното светло, сексуални помагала и добра предигра.

Допири

Како да доживеете оргазам не е никаква уметност, морате само да утврдите што на вашето тело најмногу му годи и што ве возбудува.

Ако никогаш не мастурбирате, сега е вистинскиот момент да почнете, бидејќи така ќе можете ефикасно да ги истражувате важите ерогени зони. Потоа своето знаење да го пренесете на односот со вашиот партнер и без срам покажете што ве води до оргазам.

Однос со партнерот

Ако за време на мастурбација сте во можност да доживеете оргазам, а за време на полов однос со партнерот не, тоа може да значи дека вашиот партнер не ве допира на вистински начин и на вистинските места, а тоа со малку насочување од ваша страна може лесно да се реши.

Проблемот може да биде и малку подлабок, односно меѓу партнерите да нема вистинска доверба и релаксација за време на сексот. Исто така можно е за време на сексот вие да се чувствувате под притисок и во него да не чувствувате во целост.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...