Thursday, 16 July 2009 02:01 Љубов & Секс
Добар секс не е само работа на привлекување. Поточно, за добар и квалитетен секс ни требаат дури и повеќе од 11 фактори...

 

1. Спонтаност

Спонтаноста е условот во сите области на романтиката, па така е и кај сексот. Сексот, како и се друго може да стане рутински и монотон. Колку често се едноставно прегрнувате и предадете еден на друг без размислување?

2. Привлекување

Иако некои се способни да се сексаат со некој кој воопшто не го привлекуваат, веројатно од таквиот секс никој не е премногу воодушевен.

3. Искра

Зошто во момент некој ќе ви ја подигне крвта и ќе ви ѓи возбуди мислите? Животот би бил досаден кога би го знаеле одговорот на тоа прашање. Во сексот секако не смее да недостасува тоа нешто што неможеме дури и да го именуваме.


4. Чувство на поврзаност

Луѓето можат да уживаат во секс односите и со ограничено осеќање на поврзаност, а за многу од нас тоа е длабоко осеќање поврзаност, нужен и секогаш добар секс. Добриот секс е повеќе од допири, возбудувања и оргазми, морате да го стимулирате и духот и телото.

5. Сигурна опасност

Паровите мораат да се чувствуваат сигурно во близина на својот партнер, а за добар секс морате да одите по работ. Ако на својот партнер можете да му понудите чувство на сигурна "закана", сексот сигурно ќе биде прекрасен.

6. Вистинско расположение

Ако мислите ни летаат према проблемите на работа, ако сме растресени и депресивни, тогаш од добриот секс нема ништо. Двајцата партнери мораат да сакат секс и да бидат присутни во мислите.

7. Меѓусебна несебичност

Ако се задржете на желбите на партнерот и се посветете на неговото задоволство, ќе имате корист и вие. Нејголемо задоволство кај сексот е задоволството на другиот.

8. Доверба

Ако сме несигурни во креветот, почнуваме да се чувствуваме неугодно, тоа може да биде отежнувачки и за нашиот партнер. Иако во текот на сексот тоа е малку тешко, мораме да заборавиме на нашите мани и потполно да се опуштиме. Можеме да се преправаме дека сме најубави и најдобри љубовници на светот.

9. Смисол за хумор

Не бидете срамежливи и воздржани, заедно смеете се на чудните звуци на неуспешните маневри :)... Атмосферата така ќе биде поопуштена, а сексот сигурно многу подобар.

10. Заеднички интереси

Двајцата морате да сакате слични работи, двајцата морате да бидете спремни да испробате нешто ново. Како би се чувствувале кога вашиот партнер без предупредување од ормарот извлече респиратор (гас маска).

11. Љубов

Сите знаеме дека сексот е многу подобар кога сме заљубени. Мораме ли уште нешто да додадеме???

 

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...