Пишувавме за она што треба и не треба да го правите за време на сексот, работи кои ги сакат жените и мажите, но често ја забораваме и другата страна од приказната: работите кои не би требало да ги прават пред и после сексот...
Чистење после секс
Чистењето веднаш по сексот е нешто што дефинитивно не треба девојките да го прават. Собирање чорапи и долна облека од подот, менување на постелнина, претварајќи го сексот во нешто што "мора да се направи". Подобро лежете прегрнати барем неколку минути и уживајте во моментот.
Поставување на прашања
За прашањата како "Што значи тоа за нас?" и разговорот за тоа дали овој секс го означил почетокот на врската, креветот е најлошото место. Релаксирачките моменти после секс се најлошото време за комплицирани разговори за вашата иднина па подобро сочувајте ги за некое друго време и место.
Држење предавања
Држење предавања за тоа дека не си негов сексуален објект, шамарење кога ќе спомне некаква перверзија, исмевање на неговите желби и очекувања дека се ќе ти удоволи каква што е вашата желба "вo име на љубовта", не се фер работи кон партнерите. Запомнете, двајцата сте во тоа и овде сте заедно да уживате во тоа, а не како се да се врти околу вас.
Откажување на сред игра
Да започнете предигра, а потоа да одите во тоалет за да направите хигиенски ритуал пред спиење, а потоа да се вратите во кревет и да очекувате тој да биде возбуден, звучи прилично нереално. Никој не сака да заспие со шминка, но да го возбудите, а потоа да го оставите да се исуши и повторно да го возбудите, не е некоја добра работа.
Немојте да се запуштите
Не дозволувајте да изгледате како амазонка. Освен личната хигиена, мажите сакаат да веруваат дека девојките се совршени и ако изгледа уредно, повеќе време ќе сакаат да поминат долу.
Немојте да направете драма
И ним знае да им се случи да не бидат расположени за секс или да им се мотаат грижи во главата, па не можат секогаш да бидат во сексуална форма. Во случај да префрлат, немој да направиш од мува слон, и да поставиш илјадници прашања, ниту да го нападнете со прашањата дали се уште си секси и дали има некоја друга. Секој има свои проблеми, па имај разбирање и биди поддршка за својот дечко.
Очекување секој пат да биде како првиот
Доколку очекувате од него дека ќе посипа рози и ќе пали миризливи свеќи секој пат кога ќе одите во кревет е рамно на тоа дека ти непрестано глумиш порно ѕвезда. Значи, нереално. Исто така, не можеш да очекуваш ниту дека цела ноќ ќе спиете држејќи се за раце.