Thursday, 02 February 2012 10:16 Љубов & Секс

Паровите кои одвреме-навреме се караат имаат повеќе шанси да останат заедно од оние кои секогаш се согласуваат (се додека еден ден од чиста мира не се разделат).


Неодамнешно истражување ја потврдило оваа теорија. Резултатите покажале дека најмногу шанси за долга, среќна врска или брак имаат паровите кои одвреме-навреме се карат, но само под услов тие расправии да поминуваат без тешки зборови и навреди.

Излегло дека 44% од испитаниците сметаат дека повремените расправи допринесуваат кон поотворена и поискрена комуникација. Конструктивното решавање на проблемот, дури и ако не се согласувате со ставовите на партнерот, е темел за посреќна врска, заклучуваат психолозите.

„Тоа што го покажаа резултатите на студијата е дека за опстанување на врската не е вооптшо важно дали понекогаш ќе се разбесниме поради нешто што партнерот го сторил или направил, туку пресуден е начинот на кој проблемите се решаваат“, вели Вилијам Доерти, од катедрата за социјални науки на универзитетот Минесота.

Конструктивната расправа во која двете страни користат аргументи, а не навреди и тешки зборови секогаш е добра за партнерски односи, неспоредливо подобра од премолчување на она што ви оди на нерви.

„Личностите кои се караат барем покажуваат дека сакаат да допрат до партнерот. Често ни излетува ‘Не ме слушаш, па ова ќе ти го кажам погласно’, што се разбира не е баш совршено решение, но секако е подобро отколку само без зборови презирно да гледате кон партнерот“, вели Берни Слатски, брачен и семеен терапевт.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...