Thursday, 26 January 2012 09:46 Љубов & Секс

... рече тој, спремајќи се за работа. Иако оваа реченица ја очекуваме од женските усти, дури 60% од мажите се консултираат со партнерката околу гардеробата пред наутро да излезат од дома...


Има мажи кои покажуваат интересирање за мода, но поголемиот број од нив изборот на гардеробата им го препушаат на партнерката. Анкетата која неодамна е спроведена во Велика Британија покажала дека околу 60% од мажите пред да тргнат на работа своето „издание“ за тој ден и го доверуваат на партнерката.

Верувале или не, секој петти маж сака девојката или сопругата претходниот ден да му ја избере гардеробата за утре. Поголемиот дел од нив тоа го објаснува со фактот дека нивната партнерка „има повеќе вкус“ и „подобро се разбира во мода“, но има и оние кои изборот на гардероба им го препушаат на партнерките затоа што „нејзе тоа ја прави среќна“.

Има мажи на кои не им се доволни само совети: 58% од нив велат дека краватата им ја врзува партнерката, 48% од нив бараат помош во наместување на јаката, со пеперутката-врска не можат да се „изборат“ дури 36% од нив, а 29% од испитаниците признале дека понекогаш бараат помош и при закопчување на кошулата.

На помош од партнерката најмногу се потпираат мажи на возраст од 24 и 30 години, а најмногу самодоверба кога е во прашање гардеробата припадниците на посилниот пол имаат меѓу 35 и 44 години - тогаш најретко бараат помош.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...