Monday, 29 June 2009 01:46 Љубов & Секс
8 типови на мажи кои треба да ги запознаете...

 

Не се јавува на телефон и секогаш доцни, а толку е добар во кревет и го има тој необјаснив шарм! - Познато ви е ова? Или секогаш доаѓа на време, ги почитува договорите и секогаш ве изненадува со букет од свежо цвеќе. Не ве разбира. Проверете кој од овие 8 типови на мажи морате да го запознаете.
 

1. Уметник
За уметникот секогаш се вели дека е малку неодговорен или тип на кого се му смета. Но ако станува збор за автентичен тип на уметник, иако понекогаш ве игнорира и се затвора во сопствениот свет, креациите кои ќе ви ги подари ќе ве остават без зборови. Секако дека треба потполно да го сфатите и да го подржувате неговиот уметнички напор дури и тогаш кога нема да го исполни ветеното.

2. Самоуверен и знае што сака
Тој е самоуверен маж, не е љубоморен, а ниту посесивен. Толку е самоуверен што мисли дека е незаменлив. Има само еден недостаток, а тоа е што брзо престанува да се труди, затоа што едноставно не може да згреши.

3. Авантурист
Ги сака непланираните патувања, изитрен е, но знае да биде духовит и невообичаено внимателни. Доколку сте во состојба да ја поднесувате неговата непредвидливост, само напред - никогаш нема да ви биде досадно.

4. Странец
Тој мисли и разговара поинаку, има толку слаток акцент и шармантно го изговара вашето име. Со олед дека имате комуникациска препрека, ви изгледа помистериозен и подобар од што е. Но, како таков едноставно е привлечен.

5. Разговорлив интелектуалец
Тој секогаш се знае и има решение за сите проблеми. Начитан е, расположен за разговор, а тоа е реткост и изгледа дека не е заинтересиран за понатамошна потрага. Задоволен е со вас, а за животот може да филозофира шармантно и духовито. Опасно е само тогаш кога е досаден.

6. Грижлив, внимателен
Воопшто не е досадно ако ги плаќа вечерите, мисли на вас, ви се јавува за да провери дали сте добро, прашува за вашите родители и размислува за вашите проблеми. Понекогаш ви се чини напорен, но кога ќе паднете во рацете на некој непоправлив заводник кој ќе заборава да ви се јави, ќе се сетите на него со носталгија.

7. Типично машко - Мачо
Сака натпревари, пиво и пријатели. Не ги сака домашните работи и за се има свои ставови. За него животот е едноставен и нема зошто да го комплицира. Но, воздржан е и предвидлив, а убаво е да знаете што ќе направи и како ќе го изведе тоа. Само што ќе помислите дека не можете веќе, тој угодно ќе ве изненади и ќе ве освои со својот мачо шарм.

8. Несигурен и непредвидлив
Овој тип најверојатно не е тип на маж кој морате да го запознаете по секоја цена, но можете да го имате во предвид за да направите компарација со другите видови. Тој поготово никогаш не ви се јавува кога ветил дека ќе се јави, и никогаш не ви е јасно зошто кога толку убаво си поминувате кога сте заедно. Не почитува ниеден договор, но така ве бакнува што срцето ќе ви излезе. Кога ви дава подарок, обично греши во бројот и големината. Свесен е за своите мани и толку лесно ги искажува што вие се запрашувате дали навистина тоа се мани. Непредвивлив е и често го менува расположението...Размислете добро! Ако така се препнува на ситници, како ли само ќе кикса на крупни работи. 

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...