Saturday, 22 October 2011 10:10 Љубов & Секс

Ако прв пат сте излегле во сабота навечер, а тој не ви се јавил или пратил SMS до понеделник попладне, заборавете го - втор состанок нема да има...


Модерните средства за комуникација го укинаа старото „правило“ за тоа дека по првиот состанок треба да почекате три дена за мажот со кој сте се виделе да ви се јави, пред да „кренете раце“ од него.

Анкетата на сајтот Match.com покажа дека просечното време во кое е реално да се очекува повик, доколку постои симпатија од двете страни, се скратило сè на сè за ден и половина.

„Во ерата на мобилни телефони и Фејсбук, бесмислено е да чекаш три дена некој да ти се јави. Тоа е чисто губење на време“, вели психологот Кејт Тејлор, која за Match.com ги анализирала резултатите од истражувањето.



Иако новите технологии ни го забрзаа темпото на живот, ова ново „правило“ има и свои добри страни - не морате веќе три дена да си ја „чукате главата“ размислувајќи дали сте му се допаднале. „Ако убаво сте си поминале, сосема е океј да пратите шармантна, кратка порака и да предложите уште еден состанок“, вели Тејлор.

Сепак, некои работи не се променети, без оглед на напредокот во областа на комуникацијата: од мажите и понатаму се очекува да го направат првиот чекор, а тие тоа и понатаму го прават, дури пет пати почесто отколку жените.

Кога се работи за втор состанок, мажите се поупорни од жените, а дури 31% од нив се подготвени девојката која им се допаѓа да ја прашаат да се видат втор пат, дури два или три пати пред да се откажат.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...