Wednesday, 28 September 2011 18:59 Љубов & Секс

Ако сакате да се бакнувате, ќе бидете здрави, објаснуваат лекарите...

Брчките на вашето лице ќе се намалат, а должината на животот ќе ви се зголеми барем за 5 години, покажуваат последните истражувања на оваа тема за бакнежите.



На прво место бакнежот е помоќно средство против брчки од било кои крем. Додека се бакнувате, раздвижувате 29 од сите 34 мускули на лицето.

Бакнежот го зајакнува имунолошкиот систем, а ако биде особено страсна, организмот ќе се здобие со корисни материи како масти, минерални соли и протеини. Благодарение на неа добивате антитела, кои се потребни за да се борите со болестите.



Бакнежот е ефикасно средство против дебелината. Романтичниот и краток бакнеж согорува 3.2 калории, додека долготрајниот (барем 1 минута) топи над 26 калории. Научниците утврдиле дека, ако секој ден се бакнувате по 3 минути за една година ќе симнете 3 килограми и тоа без диети и напорно вежбање.

Бакнежот го продолжува животот и помага за надминување на депресијата. Таа е особено корисна при проблеми со белите дробови, бидејќи ако обично вдишуваме околу 20 пати во минута, додека се бакнуваме, го правиме тоа три пати повеќе.



За време на бакнувањето, мозочните клетки се заситуваат со кислород, што се зголемува способноста за концетрација и се подобрува меморијата.

Андреналинот, кој го чувствуваме кога ќе ги допреме усните на спротивниот пол го тонизира целото тело и го подобрува расположението. Во телото се произведува материја со наркотичен ефект кој е 200 пати посилен од морфиумот.



Интересен факт е дека за време на целиот свој живот, еден човек поминува 20 160 секунди во бакнување, што е еквивалентно на исклучителен недостаток од 4 и пол миути годишно.

Усните се 200 пати почувствителни од прстите на рацете.

66% од мажите и жените ги затвораат очите кога се бакнуваат, а остатокот сакаат да го надгледуваат партнерот.



Првиот бакнеж во животот на еден човек во просек се случува во неговата четиринаесетта година, а најдолгиот бакнеж во светот траел 30 часа, 59 минути и 27 секунди.

Освен луѓето, во светот знаат да се бакнуваат и животните - шимпанзата, кучињата, коњите и канадскиот Еж.

65% од луѓето ја навалуваат главата десно додека се бакнуваат.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...