Friday, 23 September 2011 11:28 Љубов & Секс

Бакнувањето се смета за еден од најинтимните чинови, а истражувањата покажуваат дека тоа може да нè направи многу среќни. Усните имаат многу нервни завршетоци, дури сто пати повеќе отколку врвовите на прстите, што го прави секој бакнеж исклучително привлечно и сензуално искуство за телото. Но, ваквото искуство може да биде стресно ако не сме сигурни што правиме, а доколку ги комбинирате овие осум состојки за бакнеж, уживањето е загарантирано...


Свеж здив

Бакнежот со најубавиот партнер на светот може да се претвори во одвратно искуство доколку некој од вас нема свеж здив. Тоа важи и за двајцата, па пред бакнувањето бидете сигурни дека немате лош здив. Чистите заби се клучни, а ако ги немате измиено пред тоа и гуми за џвакање и бонбони од пеперминт можат да помогнат. Сувата усна шуплина може да биде причина за лош здив, па добро е да се пие многу вода, за бакнежот да биде совршено хидратизиран.

Затворени очи

Постои теорија дека луѓето кои се бакнуваат со отворени очи не уживаат во моментот, што е и логично, затоа што очите шетаат ваму-таму, па не можеме да се концентрираме на тоа што е најважно. Со затворени очи приоритетни стануваат останатите сетила, па така многу подобро ќе го почувствувате бакнежот, и ќе биде полесно да се изгубите во него ако не гледате што ве опкружува.



Меки усни

Испуканите или суви усни можат да го расипат бакнежот, а девојките треба да избегнуваат и ставање на премногу сјај. Со природни балзами за усни ќе можете да ја омекнете кожата, а големиот избор на ароми и мириси може само да го подобри искуството.

Дишете

Малку отворете ја устата и потпрете ја на онаа на партнерот, а задржувањето на здивот не е опција, освен ако не планирате да се задушите за време на бакнежот. Дишењето низ нос е најдобра опција, а отворената уста бакнежот ќе го направи сензуален, додека бакнежот со затворена уста ќе направи илузија како да ја бакнувате баба ви.



Најдете место за рацете

Постојат многу места на кои можете да ги одложите рацете, а најдоброто место секогаш е половината, грбот, вратот, лицето или задникот на вашиот партнер. Држењето на рацете исто така е опција, а правилото кое важи за усните важи и за рацете: да бидат чисти, меки и негувани.

Опуштете се

Бакнежите во нас предизвикуваат нервоза, а ако се вкочаниш пред бакнежот, големи се шансите дека нема да биде толку добар. Опушти се и сети се дека бакнежите се создадени за уживање и целосно предадете му се на партнерот.



Отворете ги сетилата

Кога веќе ви се допираат усните и рацете, време е да почувствуваш и други работи кои ве опкружуваат. Мирисот на партнерот, начинот на кој дише и топлината на телото можат само да го подобрат бакнежот, а ако се синхронизирате, хемијата ќе биде совршена и ќе доведе до совршен бакнеж.

Едноставно - уживајте

Секогаш имајте на ум дека бакнежот служи за уживање и продлабочување на интимноста со личноста што ја сакате. Доколку ги следите сите погоре спомнати чекори, препуштете се да ве води чувството за близина и едноставно - уживајте.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...