Wednesday, 21 September 2011 13:09 Љубов & Секс

Работите се прилично едноставни - и мажите и жените во партнерот ги бараат истите карактеристики. Погледнете што сите ние сакаме да препознаеме кај партнерот и ако мислите дека нешто од тоа ви е „слаба точка“, работете на тоа...


Самоувереност

Самоувереноста е привлечна. Нема магија која ќе ви помогне да ја стекнете, но ако бидете искрени кон себе, признете што не ви се допаѓа кај вас и работите на тоа да го исправите, тогаш тоа е супер почеток. Исто така, ако научите нешто ново или стекнете некоја нова вештина, самоувереноста ќе ви порасне. Но, најдобро што можете да направете е да се посветите на нешто што го сакате и да бидете во тоа најдобри што можете. Ако свирате клавир или возите ролерки, дајте се од себе, а самоувереноста нема да изостане кога ќе видите напредок.

Смисла за хумор

Што луѓето најчесто кажуваат кога ги прашуваат што бараат од партнерот? „Да умее да ме насмее“. Смислата за хумор до душа не можете да ја развиете, или ја имате или ја немате, па дури и ако не можете баш да се пофалите со духовитост, почнете да ја цените смеата и смислата за хумор и животот набргу ќе ви биде многу поведар.



Изглед

Изгледот, се разбира, е важен. Но, немојте да заборавите дека луѓето во главно не бараат совршенство, туку само складност, а тоа важи и за фигурата и за фризурата и за стилот на облекување.

Добар секс

Иако вештините во креветот често се несигурност и за мажите и за жените, поентата е во тоа да уживате во тоа што го правите. Забавувајте се, бидете креативни и не замарајте се со „совршената изведба“.

Прифаќање

Можеби примарниот извор за копнежот на луѓето по партнер е потребата за прифаќање. Но, за да бидете прифатени прво морате да бидете доволно отворени и подготвени и вие да прифатите некој.



Комуникација

Сите сакаме некој со кого може да се разговара и за убави работи, но и кога ќе дојдат проблеми. Затоа секогаш сакаме врска со некој кој умее да ги изрази чувствата и да зборува за нив. Кавгите не се ништо страшно, а сите ние сакаме некој кој ќе не слуша кога имаме нешто да кажеме, но и да умее да го изрази тоа што нему му е важно.

„Хемија“

Ова е речиси невозможно да се дефинира. Но сите знаеме колку е важно и како да го препознаеме.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...