Во најдобар случај, дечкото прв ќе ти пријде тебе, но често се случува едноставно да не собере доволно храброст, а твоите суптилни сигнали не се доволни за да го поттикнат. Отфрли ја срамежливоста на страна, и ако веќе не си доволно храбра да му пријдеш, покажи му дека си подготвена тој да ти пријде тебе...
Немој да флертуваш со други типови
Често не советуваат токму тоа: ако сакаш да те забележи, флертувај со други и тој ќе биде љубоморен. Оваа обратна психологија често има спротивен ефект, затоа што типот кој навистина ти се допаѓа ќе помисли дека не си заинтересирана и ќе се откаже од тебе. Наместо да играш игра, биди искрена и флертувај со него.
Немој да го игнорираш
Игнорирањето е уште една стратегија која ни ја предложуваат за освојување на тип, а исто така често е и непродуктивна. Ако го игнорираш, ќе изгледаш кренато и недостапно, а ретко кој тип твоето игнорирање ќе го сфати како повик на разговор. Момците сакаат да бидат во центарот на вниманието, па со покажување интерес за него ќе постигнеш многу повеќе.
Изгледај секси, но не премногу секси
Тенка е границата меѓу заводлив изглед и изглед на уличарка, а типот кој ти се допаѓа сигурно нема да биде воодушевн ако изгледаш како да имаш макро. Помалку често е премногу, и тоа не зборуваме во смисла дека мораш да имаш пократка мини-сукна. Суптилниот стил на облекување ќе го разбуди неговиот интерес, а ако не откриеш баш сите свои адути, тој ќе сака да ги открие сам. Немој веднаш се да му послужиш на послужавник, туку го натерај да се потруди да дознае што криеш под облеката.
Не разговарај за времето
Ако веќе разговараш со него, немој да станеш девојката која ја чита прогнозата; ако сакал да слуша какво е времето надвор, би зел весник или би го вклучил телевизорот. Муабетењето е згодна работа, но така нема да му покажеш дека те интересира, па пожелно е да ѕирнеш под површината и да го прашаш некои поважни работи. Дознај каква личност е, што сака, а што не сака, и разговорот ќе тече многу попријатно и за двајцата. Само внимавај на премногу интимни прашања, затоа што никој за тоа не сака да разгвара со некој кој штотуку го запознал.
Внимавај со подбунувањето
Игривото подбуцнување и интерните шеги секогаш се корисни, а ја засилуваат и хемијата помеѓу вас, но внимавај во тоа да не претераш на начинот на кој го понижуваш. Момците не сакаат кога премногу ги закачуваат, посебно во друштво, а со исмевањето можеш да постигнеш и тоа да помисли дека не ти се допаѓа.
Смешкај се
Насмевката е најважна во целата приказна, затоа што ретко дека некој ќе ти пријде ако си намуртена и оставаш впечаток на непристапна личност. Ако си веќе во негова близина, значи дека си среќна, па тоа покажи го со својата најубава насмевка и сигурно ќе сака да биде во твоја близина.
Немој да бидеш премногу критична
Земи во обѕир дека веќе е доволно нервозен и без твоја дополнителна помош, па попушти му овде и таму. Дури и ако тропне некоја глупост, сети се дека е од крв и месо, и дека ти многу често ја кажуваш погрешната работа. Помогни му да те освои и немој да му замеруваш за баш секоја ситница, затоа што сигурно постојат и работи кај тебе што тој не ти ги замерил.
Предложи нешто
Олесни си и себе и нему и предложи некоја заедничка активност. Попладнето поминато со Playstation или излет во природа ќе ве зближат, а времето поминато заедно не морате официјално да го наречете состанок; доволно е да му покажеш дека сакаш да поминуваш време со него и се останато ќе тргне само по себе.
Не испрашувај го за работата
Во ред е да праша со што се занимава, но не се обидувај да инсистираш на детали. Поголемиот број луѓе во слободно време не сака да разговара за работа, а тој ќе сака да помине помалку време со тебе ако постојано го прашуваш каде работи и што работи. Сосредоточи се на поведри теми, и испрашувај го за работите кои го веселат, а не за оние кои го мачат.
Биди своја
Момците секогаш чувствуваат кога девојката со нив глуми нешто што не е, а најдобар начин да му покажеш дека те интересира е токму да останеш верна на себе. На тој начин ќе направиш импресија дека со него ти е пријатно, па и тој ќе се чувствува подобро во твое друштво.