Јавна тајна е дека мажите се луди по оралниот секс. Без оглед на тоа дали сте почетничка или само сакате да ги зачините случувањата под чаршафите и да му го пружите на мажот тоа што го сака најмногу (после вас), научете неколку трикови...
Оралниот секс е големо задоволство за двата партнери, затоа доколку вие уживате кога тој тоа ви го прави вам, научете како да бидете кралица на оралната забава и приредете му вистинско изненадување на партнерот.
Фелатиото вклучува стимулација на пенисот со устата и јазикот, а на партнерот му пружа големо уживање. Доколку ја изберете фамозната поза 69, тоа исто уживање на орално стимулирање можете да го почувствувате сами и исто така да доживеете оргазам заедно.
Иако самата поза 69 и оралното задоволување долго време беа табу тема, денес од тоа веќе никој не се срами и двата партнери често и со задоволство уживаат во предиграта.
Внимавајте да не го повредите партнерот
Непишано правило на фелатиото е дека ритамот би требал да одговара на ритамот на пенетрацијата, но никако немојте да дозволите да се претвори во механички движења низ кои партерот ќе почувствува како ги одбројувате секундите до неговиот оргазам.
За време на изведувањето на фелатиотот, внимавајте да не го повредите неговото величество - пенисот. Партнерот ќе ви го прости тоа, но тешко дека ќе биде спремен за понатамошна акција.
Заземете добра положба
Удобната положба е важна затоа што не сакате болки во вратот и ’рбетот како последица од оралниот секс. Најдобро е партнерот да легне на грб и така да ви овозможи најдобар пристап до неговите гениталии, а на тој начин тој може да ужива во погледот на вас.
Влажноста е клучна
Во оралниот секс влажноста игра клучна улога, затоа погрижете се се да тече мазно.
Немојте да бидете срамежливи
Одберете почетен ритам кој со тек на време ќе го забрзате и лижете, бакнувајте и играјте си со пенисот и немојте да бидете срамежливи затоа што нема причина за тоа. Прашајте го партнерот што најмногу му се допаѓа.
Не заборавајте на звуците
Оралниот секс ги храни сите сетила, па не заборавајте да испуштате звукови за време на задоволување на партнерот. Но, сепак, внимавајте да не претерате затоа што доколку е неприродно ќе има сосема спротивен ефект.
Натерајте го да му се тресат колената
За потполно да го избезумите и да го натерате да му се тресат колената, посебно внимание посветете на ерогените зони, а овде првенствено мислиме на главичката. Партнерот посебно ќе се воодушеви доколку со јазикот или усните го допрете долниот дел од пенисот каде што се спојува со телото.
Одлуката е само ваша!
Кога почувствувате дека партнерот се ближи до кулминацијата, на вас е одлуката дали ќе проголтате или не. Немојте да мислите дека тоа е задолжителен дел од фелатиото, одлуката е само ваша. Доколку направите нешто што не ви е пријатно, партнерот тоа ќе го забележи, а изразот на незадоволство на вашето лице би можел да фрли сенка на одлична предигра.
Не запоравајте дека полови болести можат да се пренесат и преку орален секс, затоа доколку не ја познавате доволно дорбо историјата на партнерот, користете кондом. Уживањето е речиси исто.
Фелатиотот не е задолжителен дел од предиграта ниту од сексот. Некои жени ги одбива помислата на пенисот на партнерот во нивните усти. Доколку не се чувствувате добро, немојте да го правите тоа затоа што ефектот ќе биде спротивен од тоа што партнерот го очекува.