Thursday, 25 August 2011 07:49 Љубов & Секс

Ништо не може да ве разлади толку добро како водата. Без оглед на тоа дали станува збор за када, базен, море, река... водата секогаш годи, посебно во овие тропски денови. Меѓутоа, ако сакате да се намокрите во двојка, бидете внимателни, посебно жените...


„Водниот секс“ звучи многу возбудливо, но неговото практикување не е ниту едноставно, ниту безбедно. Доколку користите кондом знајте дека тој не се согласува со топлата вода, како ни со хлорот кој негативно влијае на неговиот состав. Освен тоа, кондомот во вода лесно може да падне, поради што би требало да имате резервен.

Исто така, водата го отежнува сексуалниот чин така што ја исперува природната влажност и маснотија на половите органи. За да го решите тој проблем користете силиконски лубриканти, отпорни на вода.

Ако сте решиле да се „разладите“ во када, никако не ставајте гел, без оглед на тоа што пената изгледа и мириса прекрасно. Тие хемикалии во водата ќе допрат до вашите гениталии, а тоа може, во најдобар случај, да ја иритира слузокожата.

Сапунењето на партнерот може да биде воздбудливо, но воздржете се од половите органи. Сапунот нанесете го на грбот, вратот, градите - тоа ќе биде доволно и безбедно за време на петингот.



Сега, кога ги знаете сите мани на „подводните“ авантури, би требало да знаете и кои се најдобри места за тоа.

Јавните базени не доаѓаат во предвид, но приватните, како и џакузито или пространа када се совршена шанса да се забавувате за време на летото.

Меѓутоа, поради хлорот во водата немојте многу да се забавувате во двојка и задолжително се истуширајте откако ќе излезете од базентот за да го намалите ризикот од иритација или инфекција на гениталиите.

Истото важи и за солената морска вода, а уште ако и плажата е песочна можете сериозно да и наштетите на чувствителната слузокожа на половите органи.



Ако веќе сакате да пробате секс покрај река, море или езеро, понесете голема крпа на која ќе лежете, а тушевите нека бидат во близина.

Обидете се и местото кое ќе го изберете да биде доволно скришно за да не ја нарушите ни својата, ни туѓата приватност. И не само тоа, во некои земји сексот на плажа е забранет, а казните се високи.

Значи, домашниот туш, или оној во дворот на приватна куќа, е најдобро место за „воден секс“. Ако ви е незгодно тоа да го правите „на нога“, во туш кабината внезете мал стол.

Заедничкото туширање може да биде само предигра, а крпата на подот од бањата место за „финале“.

Само внимавајте - плочките се многу често лизгави!

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...