Wednesday, 24 August 2011 10:58 Љубов & Секс

Како да го извлечете максимумот од животот и старите навики и предрасуди да не ве спречуваат да уживате во одличен секс...


Не откажувајте се од тоа што го сакате

Во животот често се откажуваме од тоа што го сакаме и што ни е важно, иако таквото однесување води до фрустрација. Секоја врска, нормално, бара одредени компромиси, но ако постојано го занемарувате сопственото незадоволство, тоа нема добро да заврши. Ова важи и кога е сексот во прашање - запознајте го своето тело, откријте што ви е потребно за да бидете задоволни и не откажувајте се додека не го добиете тоа.

Разговарајте со партнерот за своите потреби

Ако се срамите на партнерот да му кажете што сакате, можеби не би ни требало да бидете во врска. Суштината е во тоа што сексот ќе биде со среден интензитет се додека не ги поделите своите желби со партнерот. Без оглед на тоа колку ве сака, партнерот не може да ви ги прочита мислите - добриот секс е резултат на добра комуникација.



Прифатете го своето тело


Ако сте незадоволни со вашиот изглед или нешто променете, почнете да вежбате, пуштете ја косата или исфарбајте се русокоси (ако тоа ве усреќи), или прифатете го своето тело такво какво што е. Во секој случај, ако се оптеретувате со „пивското“ стомаче, фактот дека ви паѓа косата или, во друга варијанта, со целулитот, големината на градите или брчките, можете да заборавите на вистинското уживање. Самодовербата е еден од најважните елементи за добар секс.

Сексот не користете го за да го казните или наградите партнерот

Не обдиувајте се да манипулирате со партнерот користејќи го сексот. Кога имате некој проблем со партнерот, решете го со разговор, а не со практикување на секс. Сексот не смее да биде ниту „казна“, ниту „награда“, туку извор на задоволство за двајцата.



Ако имате домашно милениче, исфрлете го од спалната соба


Домашните миленичиња обично се прилично територијални и заштитнички настроени. За време на сексот кучето би можело да почне да лае, а ако имате мачка, она (што е уште полошо) најверојатно ќе се качи на креветот и ќе се шетка наоколу. За да ја избегнете непријатноста, извадете ги од собата и затворете ја вратата.

Хуморот опушта и допринесува за близината


Водењето на љубов не мора да биде смртно сериозно. Опуштете се, смејте се заедно и секот ќе го гледате од сосема нова перспектива.

Двајцата треба да уживате

„Техниката“ не значи ништо ако сте отсутни. Најдобриот секс е оној за време на кој двајцата се обидувате да го задоволите оној другиот. Можеби изгледа банално, но во животот често забораваме на наједноставните работи. Покрај другото, дури и ако сте задоволни со вашиот сексуален живот, ништо не ве чини малку да вежбате.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...