Friday, 19 August 2011 07:16 Љубов & Секс

Мажите „вистинската“ ја препознаваат на првиот состанок, а на жените им се потребни барем шест состаноци за да бидат сигурни дека тоа е тоа...


Значаен поглед, наговестување на насмевка, вдишување на парфемот... понекогаш тоа е се што е потребно за мажот да се вљуби.

Секој петти маж, ако може да им се верува на истражувањата, барем еднаш во животот се вљубил на прв поглед, а повеќе од половината од нив „жената на својот живот“ ја препознале уште на првиот состанок. Кај жените тоа сепак оди малку поспоро, па на дамите им треба малку повеќе време за да проценат дали господинот со кого излегуваат е „оној вистинскиот“.

Само една од десет жени кои учествувале во истражувањето изјавила дека понекогаш и се случила љубов на прв поглед, а дури по шест состанување можеле отприлика да проценат дали наишле на сродна душа или не.

Резултатите од оваа анкета го погазија вообичаеното верување дека жените се поромантични, склони кон илузии и вљубување на прв поглед. Сепак, освен што резултатите погазија некои стереотипи, овозможија и малку поинакво согледување на разликите меѓу мажите и жените, и начинот на кој припадниците на различни полови го доживуваат вљубувањето и бирањето партнери.

Професор Александар Гордон, познат британски писхолог и член на Британското здружение за психолози смета дека разултатите од истражувањата се многу интересни, затоа што докажуваат дека меѓу половите постојат големи разлики кога станува збор за доживувањето на љубовта и вљубувањето.

Тој вели дека мажите често површно ги согледуваат работите и меѓучовечките односи, додека жените веднаш се впуштаат во размислување за ситуацијата, вдлабочувајќи се во различни можни развои на случувањата, па дури се обидуваат да проценат и евентуална иднина на врската. Пред да го донесат ставот за новиот партнер, тие добро ќе ги одмерат сите причини „за“ и „против“.

Жените подобро го проценуваат социјалниот контекст, и веќе по првата средба често низ главата им поминуваат прашања во врска со иднината, како „дали тој би ме направил среќна?“ или „ќе биде ли добар татко?“. Жените се многу потемелни кога треба да донесат одлука која е важна за нивната иднина“, вели Гордон.

Во истражувањето учествувале 1.500 мажи и исто толку жени, стари меѓу 16 и 86 години. Резултатите покажале дека мажите навистина се вљубуваат во просек три пати во животот, додека жените навистина се вљубуваат само еднаш. Што е во склад и со податоците дека мажите почесто ги сакаат жените кои не ги сакаат нив. Интересно е дека мажите се оние кои често прво кажуваат „те сакам“.

Мажите и жените кои учествувале во оваа истражување се согласиле околу едно - поголемиот број од испитаниците, без оглед на полот, изјавиле дека најтешко им било да ја преболат првата љубов, а дури четвртина од анкетираните рекла дека, во моментот на раскинувањето, мислеле дека никогаш нема сосема да се опорават од тоа.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...