Friday, 12 August 2011 08:57 Љубов & Секс

Нема ништо подобро од долг годишен одмор. Опуштени сме, безгрижни и исончани што значително го подобрува нашиот сексуален живот. Се прашувате зошто страста исчезнува кога ќе се вратите дома? Еве неколку едноставни совети со чија помош ќе уживате во сексот од „годишниот одмор“ цела година...


1. Пронајдете начин за опуштање

Не давајте секојдневнието да ја сомели вашата сексуалност. Топла бања со меурчиња или збогатена со етерични масла ќе ве опушти. Некогаш во опуштањето ќе ви помогне и час време читање на омиленото списание.

2. Комуницирајте со партнерот


На годишниот одмор си муабетите и ги бирате зборовите, а кога ќе дојдете дома, единствено зборувате кога нешто ви треба, во стилот на: „Ќе купиш ли млеко?“. Ако мрморењето и шиштењето ги заменат нормалните разговори, а за убави зборови веќе нема место, нервозата и расправиите имаат отворен пат. Зборувајте што повеќе со својот партнер, разговарајте за тоа што ви пречи и каде лежи проблемот. Нормален разговoр за проблемите, без навреди и викање, секогаш е добредојден.



3. Изнанедете се пријатно меѓусебе

На годишниот одмор не биравте време и место за водење љубов. Но, дома е сосема поинаква приказна; речиси можете да го наместите часот по својот рутински секс. Водите љубов по вечерата, пред спиење, постојано на брзина за да не бидете поспани наутро. Сексолозите советуваат да ја разбиете рутината и на еден ден да го наместите будилникот десет минути порано и да се фрлите на еден „на брзинка“ пред работа.

4. Променете го местото за водење љубов


Откако на одморот водевте љубов на плажа, во када, во базентот итн, креветот ви се чини многу здодевен? Наједноставниот совет е да тргнете во природа и да се скриете од очите на љубопитните и да се препуштите на нежности. Или, зошто да не изнајмите соба во хотел за една вечер?

5. Не одете постојано по вообичаениот пат


Многу парови паѓаат во стапицата на рутината, односно научуваат начин на кој својот партнер го доведуваат до кулминација, а потоа се држат за истиот тој начин како „пијан човек“. Не морате да превзимате драстични мерки и да правите работи кои не ви се пријатни. Но, можеби некоја поза од Кама Сутра ќе му дувне ветар во грбот на вашиот сексуален живот. Секси играчките или еротската долна облека предиграта можат да ја направат незаборавна.



6. Чувајте ја својата приватност

Можеби миењето заби додека тој се тушира, спиењето во стари гаќи и не затворање на вратата од ве-цето зборуваат дека сте се зближиле, но негативно влијаат на вашиот сексуален живот. Сексолозите советуваат да не претерувате со голотијата, односно, да не шетате голи по станот по туширање, туку тие сцени да ги оставите за посебни прилики. Имено, ако вашиот партнер пречесто ве гледа гола, му оставате многу малку место за фантазија.

7. Вложете во секси изгледот


Голема е промената кога по бикини, жешки панталони и вечерни фустани ќе скокнете во топла широка тренерка и патики. Вложете малку во својот секси изглед и кога не сте на летување. Многу можете да направите со мали промени. Подобро облечете секси боксерки од обични памучни гаќи, или средете се во сабота навечер иако останувате дома.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...