Исполнете го ова лето со љубов без разлика на годините...
Најпосле го добивме сонцето и полесно е да го зачинете вашиот љубовен живот без разлика на вашата, и возраста на вшиот партнер...
1. Во 20-те...
Излежувањето во паркот еден до друг со вашиот партнер е вистинската работа која може да ве освежи во топлите денови. Откако работите ќе стигнат до таму за да се преселите во вашето засолниште, се јавува проблем. Сигурно се прашувате како да водите здрав сексуален живот ако вие и вашиот партнер живеете со вашите родители, браќа, сестри или бучни цимери? Направете да проработи магијата! Појдете на кампување каде што ќе бидете сами или договорете се со вашите родители или цимери за распоредот со просториите. Доколку тие се дома во петок, вие резервирајте ја саботата за магични доживувања. На секого му е потребна приватност нели!
2. Во 30-те...
Доколку сте во 30-те години на вашиот живот сигурно размислувате за деца или пак веќе ги имате, и сте фокусирани на тој проблем, вашиот сексуален живот и слатките моменти сигурно се ваше минато. И за тоа има лек! Доколку се обидувате да забремените, не сфаќајте го тоа премногу сериозно, и вашиот сексуален живот нема да тргне во погрешна насока. Потсетете се како и зошто се заљубивте во вашиот партнер и сексот нека ви биде како еден вид забава, а не како работа од која очекувате добивка. Доколку веќе имате деца секогаш земајте ги во предвид понудите на бебиситерките. Одбивањето на помош ќе ве исцрпи и ќе се чувствувате премногу уморни за да го задоволите и вашиот партнер. Зграпчете го моментот кога вашето дете спие, а уметноста на љубовта редефинирајте ја набрзина, затоа што вие не сте само родител туку и сексуален партнер и привлечна личност.
3. Во 40-те...
Ова е возраст кога животот е премногу брз. Вашите деца сега одат на училиште, вашите родители стареат и секој ден им е потребна помош, а и со партнерот долго не сте споделиле интимни моменти. Не се прашувајте зошто сексот не е како што треба. Секогаш кога ќе ви се пружи шанса - зграпчете ја! Никогаш не сте престари да научите некои нови трикови кои ќе ви го зачинат животот под чаршафите. Инвестирајте во убавите моменти! Инвестирајте во квалитетна и секси долан облека која ќе ви помогне со развивање на фантазијата.
4. Во 50-те...
По менопаузата, сексот изгледа како последна работа на која можете да се сетите, но најновите истражувања го докажуваат спротивното. Многу парови во таа доба се многу поопуштени и поинтимни од порано. Децата имаат свои домови, грижата околу економската состојба на семејството е намалена и сеуште сте во добро здравје.
5. Во 60+...
Заборавете на идејата дека во 60-те години не сте веќе заинтересирани за сексуалниот живот. Колку подолго уживате да бидете заедно со вашиот партнер толку посигурно е дека не постои причина зошто да не се интересирате за вашиот сексуален живот, па дури и кога ќе наполните 80 години...