Saturday, 30 July 2011 09:35 Љубов & Секс

Во бизарното тврдење дека мастурбацијата предизвикува раст на влакна на дланките денес веќе навистина не верува, но токму таква смешна приказна требало во минатите векови да ги заплаши луѓето кои помислувале на самозадоволување. Овој мит одамна е погазен, но некои заблуди покренати од страв или срам се уште сакаат таквиот вид на препуштање на уживањето да го држат надвор од дометот на многу (без)грешници...


1. Мастурбацијата е за млади

Всушност, мастурбацијата е сексуална активност која луѓето ја практикуваат целиот свој живот. Истражувањата за сексуално однесување покажуваат дека редовно мастурбираат меѓу 70 и 95 проценти од возрасните мажи и жени. Иако со годините честоста на замозадоволувањето опаѓа, многу луѓе продолжуваат да мастурбираат и на постари години. Резултатите од едно истражување во кој учествувале 800 испитаници постари од 60 години покажале дека 46% од нив повремено уживаат во мастурбација. Значи, мастурбацијата не е резервирана само за тинејџери и, се разбира, никако не е форма на „незрело“ сексуално задоволство.

2. Мастурбацијата не е „вистински секс“


Се разбира дека е. Кога се самозадоволувате доживувате реално возбудување и уште пореален оргазам. Од перспектива на здравјето, мастурбацијата е секс исто толку колку и сексуалниот однос кој влучува пенетрација или орален секс.

3. Мастурбацијата е лоша по здравјето


Овој мит своите корени ги има во 1712 година, кога е напишан извесен трактат против мастурбацијата, кој требало да го зголеми продавањето на чудотворниот тоник кој го спречувал „самозадоволувањето“. Тониците од тој тип лечеле од сите болести кои биле популарни во тие години, а со луѓето најлесно било да се манипулира ако некоја совршено природна активност која им донесува задоволство се окарактеризира како „смртен грев“. Од неодредени тврдења дека „мастурбацијата не е добра за здравјето“, се стигнало до теоријата дека „презивикува слепило, но и акни“, и, можеби најбизрното, дека поради неа „растат влакна на дланките“.



4. Мажите морааат да мастурбираат, а жените не

Иако поголемиот број анкети покажуваат дека мажите почесто мастурбираат од жените, нема доказ дека за тоа е „одговорна“ биолошката потреба. Тоа што е вистина е дека женската мастурбација и понатаму е малку табу. Тоа, се разбира, не значи дека жените помалку мастурбираат од мажите, туку дека жените се уште (од некоја необјаснива причина) им е срам да си признаат самите себеси, а за во јавноста да не зборуваме.

5. Луѓето во врска не мастурбираат

Иако луѓето често мислат дека мастурбацијата е резервирана за луѓе кои не се во врска, личностите кои имаат постојан партнер често се самозадоволуваат. Важно е да се истакне дека квалитетот на сексот во врската воопшто не влијае на тоа. Значи, ако сте во врска или во брак, а од време на време направите нешто „добро за себе“, нема прчини за грижа на совеста.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...