Tuesday, 26 July 2011 09:31 Љубов & Секс

Без разлика на тоа колку ви се допаѓа дечкото, еве пет работи кои никако не би требало да ги толерирате...


1. Ве зема здраво за готово

Момците по природа се се ловци и штом ќе видат дека ве „имаат во рака“, ќе почнат да изиграваат фраери. Немојте да дозволите вашиот дечко да ве зема здраво за готово. Тоа е дупка без дно, затоа што кога ќе сфати дека се уште му сте на располагање, ќе се однесува како да сака затоа што знае дека со тоа може да се извлече. Обидете се да ги покажете забите и малку да отстапите, но ако вас и понатаму не ве доживува, време е да побарате некој повреден за вашето внимание.

2. Глуми дека не може да се одлучи


Сите ние, повеќе или помалку, знаеме што сакаме. Ако дечкото со кој се гледате „никако не може да се одлучи“ дали сака врска со вас или не, прифатете дека не му се допаѓате доволно и тргнете се од него пред уште повеќе да ве повреди.



3. Безобразен е кон вас


Ниту една девојка не би смеела да трпи безобразни коментари и постојани „спуштања“, па немојте ниту вие. Пробајте на убав начин да му објасните дека неговото детинесто однесување ве навредува, но ако и понатаму продолжи по свое, време е да сфатите дека тој нема да се промени.

4. Лаже поради ситници

Безброј пати сте го фатиле во ситни лаги и забележувате дека тие му влегле во навика. Ако вашиот дечко постојано лаже за ситни работи, тоа значи дека никогаш не можете да знаете дали ја зборува вистината и дека веројатно ќе лаже и за некоја важна и голема работа.



5. Има втора (можеби и трета)


Во овој случај нема што да размислувате. Бегајте од него без обѕир на се.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...