Некои од нив сигурно веќе ги знаете, но други можат многу да ве изненадат...
1. Љубовта е како кокаинот
Ако направите темографија на мозокот на вљубен човек, ќе најдете нешто доста интересно - особено силно возбудени ќе бидат две зони од мозокот кои се одговорни за т.н "Систем за наградување". Научниците го објаснуваат тоа со зголемените нивоа на допамин - материја, која предизвикува чувство на задоволство. Интересно е дека овие зони на мозокот реагираат толку силно само на кокаинот.
2. Љубовта како средство за опстанок
Кај животните кои формираат долготрајни парови, има три фази во врската - желба, приврзаност и влијание. Желбата е често сексуален нагон кој не е ориентиран кон никој конкретен поединец. Влијанието е фиксирање на вниманието на одреден објект. Приврзаноста е здрава врска, предвидена за долгорочна програма за размножување. Научниците се убедени дека романтичната љубов кај луѓето е изменета форма на животинска страст. Таа настанала кај нашите предци како средство за опстанок. Со други зборови ни помага да заштедиме напори во потрагата по партнер и да се фокусираме на еден таков со цел продолжување на родот.
3. Љубовта трае од 1.5 до 3 години
Овој рок е лесно објаснет - тој гарантира учество на таткото во првите и најтешки месеци од животот на детето и мајката. Во присуство на пречки, како соодветно непријателство, разделувања, љубовта може да трае доста подолго.
4. Љубовта е слепа
Германскиот истражувач Андреас Барт утврдил дека зоните на мозокот кои вообичаено се активни кај невљубените, кај вљубените "спијат". Toa се зоните на негативните емоции и рационални решенија.
5. Од каде доаѓа депресијата
Човек кој е несреќен во љубовта, поминува низ две фази. Прво нивото на допамин се зголемува уште повеќе, потоа предозирањето предизвикува бес и уште поголемо чувство на љубов. Но порано или подцна доаѓа втората ваза. Допаминот паѓа до под просечното ниво, што предизвикува депресија.
6. Љубовта е зависност
Бидејќи влијанието на љубовта е слично на она на кокаинот, научниците препорачнуваат несреќната љубов да се лекува како наркотична зависност. Важно е да се отстранат мотивите и напомнатите елементи - да се фрлат сите слики, да се прекинат повиците кој објектот на нежни чувства и да се почне нешто ново и сосема поинакво. Полн рестарт.
7. Љубовта може да се лекува со лекови
Како и кај манијаците кои неможат да ги контролираат своите постапки, така и кај вљубените се очекуваат сериозни хемиски промени во крвта. Тие имаат силно нормален серотонин, кој е важен хормон. Научниците за тоа го обвинуваат споменатиот допамин - природна дрога, која не турка кон луди постапки и го исклучува системот за самоконтрола. Статистиката покажува дека толку е високото нивото на криминал од љубов, што во САД сериозно се разгледува идејата љубовта да се лекува со лекови.
8. Серотонинот ја убива љубовта
Ако на лабораториско глувче му дадете голема доза на серотонин, тој ќе го отфрли постојаниот партнер и ќе почне да дели страсти со кој ќе стигне. И тоа е објаснето - серотонинот го намалува нивото на допамин и со тоа и степенот на љубов (но не и сексуалната привлечност). Важно е да знаете дека нивото на серотонин се зголемува под влијание на современите антидепресиви.
9. Непознатото ја спасува љубовта
Пристигнувањето во странска држава и престојувањето во непознат хотел, многу двојки ги "избезумува". Секое ново искуство предизвикува зголемено излачување на допамин во мозокот. Американските психолози ги советуваат сите брачни парови да си прават романтични средби еднаш неделно. Но при тоа не треба да одите во ист ресторан. Пробајте нешто ново.
10. Мажите сакаат со очите
Кај мажите за време на вљубувањето се активира површината на големата хемисфера која е одговорана за видот. Па не случајно велат дека мажите сакаат со свои очи. Кај жените пак, поактивна е областа поврзана со меморијата - инстинкт го снима однесувањето на партнерот за неколку недели, а потоа мозокот ги анализира добиените информации за да измери дали е "за" или "против". Kaко резултат на тоа, жените го паметат многу подобро сите детали од првата фаза на врската.