Friday, 10 June 2011 09:32 Хумор

Еден грижлив татко секој ден од учебната година му мавтал на својот син - секое утро во различен костим...


Дејл Прајс од градот Форк, близу Солт Лејк Сити, првиот ден од новата школска година одлучил малку во шала да го "избламира" својот петнаесетгодишен син Рејн. Тој и сопругата Рошел излегле на тремот и му мафтале на Рејн додека влегувал во училишниот автобус како да испраѓаат дете во градинка.

"Ми беше забавно, па тоа го направив и наредниот ден, но во костим на суперхерој. Го слушнав кога и рече на сопругата - мамо, немој случајно да му дозволиш повторно да ме бламира", рекол Дејл, кој дури тогаш одлучил тоа да го прави секој ден.



Наредните 179 дена, секое утро Рејн го придружувал во различни костими - од Хари Потер, принцезата Леа, малата сирена, Црвенкапа, Дарт Вејдер, Џин Симонс, и ликови кои не се "познати", као навивачки, макроа... Еден ден дури ја изнел старата ВЦ шолја на терасата, седнал како да оди во тоалет, го зел весникот и му мафтал на синот кој "умирал" од срам.

"Првите неколку месеци навистина ми беше срам пред другарите, но тоа на нив им беше забавна. Дури и возачот на автобусот се воодушеви. Покасно и на мене ми стана забавно, а тато е навистина креативен", признал Рејн Прајс.

Таткото за локалниот печат изјавил дека тој само сакал на духовит начин да му даде дознаење на неговиот син Рејн дека се грижи за него, и дека сака да го насмева секој ден.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...