ТОП ВИДЕО |
Friday, 17 August 2018 09:26
Занимливости
Единаесетиот знак во зодијакот е несомнено еден од најтешките за разбирање... Љубопитни, искрени, иновативни и имагинативни, а сепак ладни, непредвидливи, резервирани и со тенденција да „заглавуваат“ во сопствената глава. Луѓето родени во знакот Водолија не се вообичаени. Тие се прогресивни мислители кои секогаш се залагаат за хуманост, за светот воопшто и како тие би можеле да го направат подобро место за живеење. Во љубовта, овие бунтовници не следат никакви правила и секогаш тераат по свое. Водолиите никогаш нема да се согласат на љубовна врска со партнер кој ги ограничува на било каков начин, бидејќи ним им треба нивното слободно време да бидат свои. За успешна врска со Водолија, има неколку работи што најпрво треба да се знаат. Без разлика дали допрва ќе одите на прв состанок или веќе сте во врска, ние ќе ви помогнеме подобро да ја запознаете вашата Водолија и да ја освоите со нашите неверојатни 9 тајни. Водолиите најпрво треба да ви бидат пријател Без да се каже треба да знаеме дека пријателски настроените Водолии, преферираат да бидат ваш пријател пред да започнете нешто повеќе со нив. Тие нема да започнат врска пред да се почувствуваат блиски со вас. Веројатно имате слушнато за стереотипот дека Водолиите се ладни и дистанцирани, но тоа не е целосно точно. Кога ќе се опуштат толку колку што тие сакаат и ќе остварат конекција со одредена личност, Водолиите сакаат вистински и ја даваат нивната љубов во огромни количини – многу повеќе отколку што може да замислите. Но, бидете внимателни, ќе им треба време за да се отворат со вас, бидејќи тие сакаат да бидат сигурни дека вие сте нивната сродна душа, затоа бидете трпеливи. Водолиите сакаат некој кој ќе ги стимулира интелектуално Водолиите никогаш нема да се согласат со некој кој не ги исполнува нивните интелектуални потреби. А кога ќе најдат таков, нивното срце буквално прерипнува. Не е тајна дека Водолиите се желни за знаење, па така тие сакаат некој со кој ќе ги споделуваат нивните интелектуални откритија и од кој ќе можат да учат. Посетување на музеј, гледање на документарец или едноставно зборување за нешто посериозно од обично муабетење, се одлични идеи за дејт вечер кои ќе ја направат вашата Водолија екстремно среќна. Водолиите сакаат да знаат сè Водолиите сакаат вистински, искрено и длабоко да знаат сè за нивниот партнер, но нема никогаш директно да го кажат тоа. Не е лесно секогаш да ја исполните нивната љубопитност, а понекогаш тие можат да делуваат индиферентно додека оган им ја гори внатрешноста. Нивните специфични умови сакаат да знаат како сè функционира, а посебно кога станува збор за нивниот партнер. Без разлика дали тоа го кријат или не, вашата Водолија напорно се обидува да ве “разоткрие“. Водолиите сакаат слобода Како големи индивидуалисти, Водолиите играат по свој ритам и креираат свои правила во животот. Кога се во романтична врска, тие бараат партнер кој ќе им ја гарантира целата слобода која им е потребна со цел да бидат тие што навистина се. Овие индивидуи се полни со чудни идеи и затоа им треба партнер кој нема да ги осудува и нема да се труди да ги запре. Само кога имаат до себе личност која ја дели нивната интелектуална љубопитност или барем ги разбира, Водолиите имаат мир и се потполно исполнети. Водолиите имаат отворен ум Вљубеникот во независност и слобода никогаш не е ограничен со правила и секогаш сакаат да се препуштат на своите правила, мисли и заклучоци. Мислењата на други луѓе воопшто не допираат до нив. Водолијата понекогаш може да има потешкотии да прифати нешто со кое тие се немаат сретнато предходно во животот, но тие несомнено можат да прифатат секого, се’ и сешто. Ова ги прави дефинитивно еден од најдобрите личности што некогаш ќе ги запознаете. Водолиите не сакаат драма Доколку мислевте дека вашата Водолија ќе ужива во вашето драматизирање, размислете повторно. Од сите 12 знаци, рационалните Водолии најмалку сакаат драма. Тие се решавачи на проблеми и иновативни мислители кои не сакаат да го трошат своето време на безначајни разговори и драма. Гласини, озборувања, мали разговори и глупости исто така не се од нивни интерес. Иновативни идеи, креативни решенија и размислување надвор од “кутијата“ е нешто што може да го привлече нивното внимание веднаш. Така што, кога си со Водолија, подобро размислете однапред за што ќе зборувате доколку сакате да ги задржете. Водолиите би сакале топлина Како ладен и отсутен хороскопски знак, Водолиите би сакале партнер кој ќе им даде малку топлина. Тие обично не се вешти во играта на интимноста. Водолиите е многу поверојатно да анализираат и рационализираат се’ во главата отколку да се препуштат на чувствата и да живеат во моментот. Доколку сакате да им помогнете да бидат подобра, потопла личност, ќе треба да им помогнете да научат малку повеќе за интимноста во една љубовна врска. Станување близок со Водолија е можеби тешка задача, но не и невозможна (посебно ако сте Овен, Близнаци или Стрелец). Водолиите размислуваат повеќе отколку што може да замислите Една од најлошите особини кај Водолиите е нивната тенденција да заглаат во својата глава размислувајки, анализирајки и преиспитувајки незначајни и нерелевантни нешта. Тие често и создаваат проблеми кога не постојат. Што е уште полошо, тие може да станат вознемирени како последица на премногу размислување. Водолиите можат целосно да се исклучат од себеси физички и да останат во таква состојба се’ додека нивниот ум не е на мир. Без разлика колку сакате да им помогнете да бидат присутни, задржете ги советите за вас бидејќи само така ќе избегнете конфликт. Тие се единствената личност која може да си помогне. Водолиите постојано се менуваат По некое време заедно, може да забележите дека вашиот партнер Водолија го доживевате како сосема друга личност, личност која не ја познавате. Но тоа не треба да ви биде чудно. Тие се прогресивен знак и како таков, Водолиите постојано бараат начини да ги зголемат своите знаења и вештини. Треба да знаете дека овој процес на менување и надградување никогаш не завршува. За да дознаете повеќе за хороскопските знаци и астрологијата, одете на веб страницата CultureAstrology.com |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|