ТОП ВИДЕО |
Tuesday, 22 August 2017 19:04
Занимливости
Туристите би можеле да се најдат во неволја ако не ги знаат законите во странство...
Има интересни и чудни правила на Медитеранот, на пример, мочањето во море е нормална работа за тие што се капат, особено ако нема тоалет во близина. Меѓутоа, во морето на песочните плажи во шпанско Лепе тоа се казнува 750 евра парична казна. На неколку плажи на шпанскиот остров Тенерифе туристите не смеат да прават кули од песок, затоа што законодавците сметаат дека тоа ги прави плажите помалку атрактивни. Во италијанска Остија, кули од песок смеат да се градат, но забрането е да се потпирате на чамците што се усидрени покрај брегот. На плажите во Сантадер не смее да се слуша гласна музика, и не се дозволени никакви игри со топка. Во Валенсија не смее да се јаде на плажите, а властите бараат и покривање на превозните средства: скејтборд, ролери и велосипед. Не е познато зошто. Во Шпанија на Коста Бланка е забрането ноќевање на плажа, миење садови или капење во морето со сапун или шампон. Одмаралиштето Торокс покрај Малага казнува за оставање на плажата пешкири, лежалки или чадор за сонце. Во грчките градови со античко наследство е казниво ако земете камења, а правилото важи и за камења што немаат никаква поврзаност со античка Грција. Било кој уапсен од таа причина може да заврши во полициска станица се додека не стигне дежурен археолог, кој ќе пресуди дали предметот има археолошко значење или не. Ги знаевте ли овие работи...? |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|