Monday, 30 January 2017 09:59 Занимливости
Младите го бараат чарето надвор од Македонија и веќе нормално е да заминеш во туѓина за подобра финансиска иднина и подобри стандарди, каде целата инфраструктура е повеќе плански организирана и средена...



Аљоша Иваноски од Прилеп напишал интересно увидување за новиот свет во кој живееме со поинакво мислење. Текстот го преземавме од Виножито, кој интегрално ви го пренесуваме:

“Сакам да пренесам една порака до сите оние кои решиле да заминат од државава, и не знам дали ќе бидам правилно разбран или осуден, затоа што секој си има сопствено размислување по тоа прашање.

Дипломирав на 13 септември 2013 год. Веднаш почнав да стажирам во Прилепската општа болница, нели стажирањето е задолжителен процес за добивање на дипломата. За време на стажирањето еден лекар од болницата еден ден ме викна и ми рече: – Аљоша, шо мислиш ти за понатаму? Дали знајш дека твојата струка е една од најбараните и најмногу платените во Европа, посебно во Германија, Австрија, Швајцарија и Англија?
Искрено не знаев шо да мислам, знаев на каде ми го врти муабетот докторот. Тој продолжи:

– Ако сакаш, еве ти контакт e-mail адреса и телефон од лице кое посредува за работа во Германија и Австрија (лицето беше некој Босанец, Халил) ако сакаш види, јави му се, па сигурно со твојата струка ќе се најди работа во Европа за тебе, а јас како шо знам радиолошките технолози во Европа се платени околу 3000 евра.

Навистина не знаев што да мислам. Лекар од болницата ми нуди контакт од лице кое посредува за работа во странство. Не знам зошто, наместо лекар да се залага здравствениот персонал да остани тука во Македонија, тој им дава контакт со лице од странство. Или си помислив, можеби лекарот забележал дека навистина ја сакам струката, па сака само да ми понуди работа во многу многу подобри услови. Не знам…

Си дојдов дома, и на мајка ми и кажав што се случи, и дека размислувам дда го контактирам човекот кој посредува за работа во странство. Мајка ми само ми рече:

– Ако си решил, и ако мислиш дека таму ќе ти биди поубаво, оди.
Но додека ми го велеше тоа, не ме гледаше во очи. Знаев дека очите сигурно и се полнат со солзи, знаев дека си помисли дека ќе ја оставам неа и татко ми.

Си појдов кај мене в соба, и размислував: Дали да појдам на работа во странство на 3-4 години и да се вратам? Дали воопшто да одам?
Тогаш помислив и на тоа дека и јас да сум родител не би сакал децата да ме остават. Помислив и дека и при најмала настинка таму во странство, нема да имам никој околу мене барем чај да ми свари, а не пак да трча по болници со мене. Сигурно истото го мислеше и мајка ми, што ако и неа при најмала настинка нема кој да и свари чај?

И сега можеби некој ќе ми кажи дека за родителите најголема среќа е нивните деца да се среќни. Да, точно. Но дали навистина родителите се среќни тогаш? Јас мислам дека нема поголема среќа за еден родител детето да е живо , здраво, и да е покрај него.

Затоа решив да останам. Не ми треба плата од 3000 евра ако покрај мене таму немам никој. Не ми треба плата од 3000 евра ако утре не можам да се соберам со фамилијата на слава, на именден…

Најлесно е да ги спакуваме куферите и да заминеме од тука. Најтешко е да се избориме за подобар живот ОВДЕ. И еден ден на идните генерации да им кажеме – ние успеавме, се изборивме за подобар живот, за вас.

А на сите вие кои сакате да заминете од тука – одете. Прошетајте, видете свет, поработете 2-3 години, ама вратете се. Таму по светот сте никој и ништо, без роднини, без фамилија, без никој познат. А и ваму вашите родители, брат, сестра… се никој без вас. Мислете малку и на она шо го кажав погоре – и при најмала настинка дома мајка ви се треси над вас, и постојано ве покрива и ви вари чај. А таму во странство, кој би се грижел за вас? Со кого таму во странство би делел и арно и лошо? Со некој Ханс, со некој Џон, со некој Томас или со некој Пјер? Не…

Таму во тие држави најнормална работа е да си геј, кучињата имаат поголеми права од луѓето… и дали се тоа нормални држави?

Разберете ме како сакате, можи и да ме осудите, ама ова е мое мислење. Вие имајте си ваше мислење”.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...