Thursday, 28 January 2016 11:50 Занимливости

Градот Нориљск во Русија е изолиран, загаден и многу студен, во кој владее мизерија и насилство...



Неверојатна е информацијата што ова место е богато и затоа се уште опстанува. Нориљск се наоѓа на 400 километри северно од Арктичкиот круг, и ги поседува најголемите наоѓалишта на никел, бакар и паладиум во светот. Затворениците од Гулаг почнале да работата на проширување на ова сибирско населено место од 1935 година и во текот на наредните 20 години, 500.000 робови учествувале во неговата изградба. Илјадници од нив ги изгубиле своите животи.

Поради неговата локација, Нориљск е уште повеќе изолиран од другите сибирски градови, без копнена поврзаност со остатокот на светот. Надвор од нивното населено место патуваат само преку воздух и вода, кога навигацијата функционира. Временските услови во Нориљск се екстремно тешки, многу е студено, со негативна средна годишна температура, силни ветрови и сиви облаци во текот на целата година. Населението ретко гледа сонце, затоа и луѓето се често депримирани и нерасположени.



Студениот период во градот трае 280 дена, а 130 дена има снежни бури. Просечна годишна температура овде е -10 степени Целзиусови, а во текот на зимата е -55 степени. Два месеца има поларна ноќ, кога сите 175,300 луѓе живеат во апсолутен мрак, а снег има од 8-9 месеци во годината.

Главен проблем во Нориљск е загадувањето. Богатото наоѓалиште на никел во тоа подрачје е одговорно за 1% од вкупната светска емисија на сулфур диоксид и затоа растителниот свет не може да опстане. Таму постои огромен простор, каде не може да опстане ниту едно стебло. Најблиското стебло пораснало на 48 километри далечина од градот.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...